Покајание,  многу  сум заинтересиран за мојата прекрасна религија,  мислам на православната христијанска

Јас имав баба која беше многу религиозна и таа мене ме научи за Исус од мали години .
Сега имам 14 години, а   исто така имам и тетка која што живее во Косово и таа е наставничка по етика на религиитеи, сто така православна христијанка.

Имам повеќе прашања од едно дали ќе сакате да ми одговорите?

 

1.Дали навистина е спомнет еднорогот во библијата? И што означува?

2.Дали животните одат во пеколот или рајот?

3.Кога душите одат во рајот или пеколот?

4.Дали душите на мртвите можат да доаѓаат во домовите на нивното семејство?

Иако сум дете пак сакам да дознаам многу работи кои не ми се добро познати,

Ви благодарам на разбирање

ОДГОВОР отец Горан:

Сета природа е повредена од гревопадот, и таа против природна состојба се пренесува од човекот како круна на сите созданија кои му се дадени за негова полза, но сега повредени од гревот, очекувајќи го и тие како што вели светиот апостол Павле прославувањето на синовите човечки кои се повикани да се вподобат на Христа и така облагодатени со Светиот Дух ја пренесуваат таа обновена состојба според Христа приведувајќи се и сето созадание кон општото воскресение и царството Божјо кое го очекуваме на секоја света Литургија кога се причестуваме со Телото и Крвта Христови како печат на нашето покајание, непрестајно молитвословење на Името Исусово под закрила на единствената закрилничка Мајката Божја.

Еднорозите што се споменуваат сигурно и постоеле, како и многу други животински видови кои исчезнале заради неприродното однесување на човекот паднат во грев.

Сѐ што се упокојува заминува при Оној од каде и сѐ што потекнува Животворниот Бог, дали е пекол или рај зависи од личниот живот на секој човек, дали вподобувал на Создателот со збор, мисла и дело или не.

Состојбата на рај или пекол ја носиме до моментот на нашиот премин со смртта кон Бога и постоење во Него.

Следствено на таа состојба човекот сѐ околу себе, време и простор, и созданија ги воведува во благодатна вечност или ништовност.

Сѐ што е соединето со Бога е и спасено.

Што се однесува до покојните, постои една “провалија” која не можеме да ја поминеме, ни ние натаму, ни тие наваму.

Душата обитува до деветтиот ден од смртта околу местата каде што престојувала, но тоа е состојба која не можеме ниту е возможно материјално да се оприсутни.

Она што можеме за покојните е да се молиме за нив, да ги запазиме сите литургии, помени во нивен вечен спомен, и да твориме добри дела во нивно име, со надеж дека ќе бидат во присуство на секадеприсутната Христова светлина, а нам да ни биде поука дека овој живот ни е даден за покајание, просветлување и обожение низ Домостројот Божји што е Црквата.

Претходна статија„Ќе си умрам непричестена?!“ (Вие прашувате, а свештеникот ви одговара)
Следна статијаСреброљубие, ти и денес Го предаваш Христа!