Исто како и сите други својства на човечката природа, и солзите се заразени од болеста на падот.

Некој е, да речеме, по природа склон кон солзи, и во секоја ситуација пролева солзи. Таквите солзи се нарекуваат природни. Но има и гревовни солзи.

Гревовни солзи се нарекуваат оние кои се пролеваат од гревовни побуди. Такви солзи, обилно и особено лесно, пролеваат луѓе предадени на сладострастие. Слични на сладострасничките солзи се солзите на оние кои се наоѓаат во самозаблуда и прелест.

Солзи обилно се леат и од суета, лицемерие, дволичност, човекоугодништво. И секако, нив ги пролева злобата: кога е лишена од можноста да изврши зло дело, да пролее човечка крв, тогаш таа пролева солзи.

Такви солзи имаше Нерон, во кого христијаните од тоа време, заради неговата жестокост и омразата кон христијанството, гледаа антихрист.

Во природни солзи спаѓаат солзите од огорченост; а кога огорченоста има гревовен карактер, солзите на огорченост стануваат гревовни солзи.

Според заповедта на светите Отци, и природните и гревовните солзи, веднаш по нивното појавување, треба да се претворат во богоугодни; значи, треба да се измени поттикот за солзите: потсетувајќи се на нашите гревови, на неизбежната и неизвесна смрт наша, на судот Божји, да заплачеме токму од овие причини.

Чудно нешто! Оние коишто по природна склоност пролеваат потоци од лекомислени, бесмислени и бесплодни солзи, исто како и оние кои ги пролеваат од гревовни побуди, кога ќе посакаат да плачат богоугодно, неочекувано ќе наидат во себе на необична суша, не можејќи да просолзат ни една капка од своите очи.

Ова нè учи дека солзите на стравот Божји и покајанието се дар Божји, дека за да се добијат треба да се погрижиме, пред сè, да го стекнеме она што ги предизвикува.

Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Очите мои изведоа извори водни – вели Свети пророк Давид – зашто не го запазив Твојот закон.

Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата no себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне.

“He потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот” – рекол преподобниот Јован Пророк.

Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач.

На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач пo Бога, a плачот paѓa солзи.”

Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја.

“Солзите во молитва – вели Свети Исаак Сирин – се знамен на милоста Божја, co Koja ce удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бога и зачекорува во полето на чистотата низ солзи”.

Пренесено од книгата “Темели на духовниот живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаПОВИКОТ НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК!
Следна статијаШто значи екуменска и меѓурелигиска средба? (Свештеникот одговара на ваши прашања)