Еднаш ми се случи следново:

Стоев на еден перон на кој речиси и немаше луѓе, кога покрај мене поминаа неколку мажи од за мене, непозната националност. Гласно разговараа на својот јазик, кој ми се стори многу милозвучен. Тогаш посакав да дознаам дали и нашиот руски јазик е толку милозвучен.

Меѓутоа, никако не можев да го оценам звучењето на мојот мајчин јазик, а тогаш неочекувано сфатив зошто.

Никако не можам да ја слушнам мелодичноста на мајчиниот јазик бидејќи не ги слушам само звуковите, туку веднаш ja слушам и смислата на зборовите.

Може да се оцени само мелодичноста на туѓ јазик, чија смисла не ја сфаќаш.

Mелодичноста е единствено што може да се сфати на непознат јазик.

Истото се случува и co луѓето. Додека човекот за тебе е туѓ, единствено што можеш да воочиш кај него е неговата надворешност.

Да се сетиме: „Човекот се дочекува според облеката, a ce испраќа според умот.”

Блиските роднини никогаш не ги оценуваме според нивната убавина. Ние веднаш го гледаме движењето на нивните души. Прв знак дека сме го засакале човекот е тоа што престануваме да ја забележуваме неговата надворешност.

Co фактот дека надворешноста не игра никаква улога во љубовта, првпат се сретнав уште во училиште. Еднаш ме повика на роденден еден другар од одделението, кој го знаев од училиштето, а кај него дома тогаш дојдов за првпат.

Бев изненаден кога ги видов неговите родители. Татко му беше вистински убавец, а мајка му, според моите тогашни мерила беше многу грда, речиси наказна – дебела, мала, co полни усни.

Ги гледав, a не можев да сфатам како толку убав маж можел да се ожени co таква жена. Добро, била убава кога се оженил, но како сега може да живее co таква жена?!
Дури многу подоцна сфатив дека човек, кога сака некого, речиси и не ја забележува неговата надворешност и не и’ придава исто значење како порано.

Исто така, не забележуваш дали е убава мајка ти, ниту дали е убаво твоето дете или твојата сестра. Ако и забележуваш, тоа воопшто не влијае на твоите односи co тој човек.

Човечката надворешност е матно стакло.

Оддалеку го гледаш само стаклото и не можеш да
видиш што има зад него.

Меѓутоа, кога ќе се загледаш низ стаклото, го гледаш само она што се наоѓа зад стаклото, а стаклото веќе не го гледаш.

Пренесено од книгата “Света тајна брак” Поуки на Православната црква за бракот и семејството

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаПосни чоколадни топчиња
Следна статијаСв. Јован Лествичник – Покајанието е завет co Бога за исправување на нашиот живот…