Беседа на Св. Јован Златоуст -прв дел)

Слушај внимателно.

Срамот не отстапува од гревот, а со покајанието храброста е споена.

Добро размисли за тоа за што говорам. Сотоната го пореметил тој поредокот па со гревот ја здружил храброста а со покајанието, срамот.

Па дури и до ноќта да трае, нема да престанам да зборувам додека ова не го разјасниме, Бидејќи ми е должност ветувањето да го исполнам, та не смеам од тоа да се откажам!

За раната и мелемот станува збор. Раната содржи во себе гној, а мелемот има сила тој гној да го очисти. Па како може да биде во мелемот да е гнојот, а во раната силата на исцелувањето.

Зар немаат и едното и другото свои сопствени својства? Или дали може едното како друго да се употреби или обратно?  Никако!

Да тргнеме од самите грешни души за ова да го разбереме. Во гревот се наоѓа укорот и со него здружено бесчестието, а од покајанието произлегува надежта и покајанието, со себе го има постот и оправданието се обновува како што е напишано:

„Предупреди ме,  да се судиме, кажувај, за да се оправдаш“ (Ис. 43, 26).

Но сотоната кој што знаел дека во самиот грев срамот, како доволно средство за обрнување на грешникот се крие, а во покајанието е пак смелоста, пак како доволно средство за обрнување на покајникот содржи, го променил тој поредок и го подметнал срамот во покајанието, а на грвот му придал смелост.

А на кој начин? Јас ќе објаснам.

А на оној кому погибелна похотност по блудница ќе му се распали тој веднаш како заробеник околу неа облетува, во станот нејзин оди и без срам со неа прегрнува.

Прави грев, а не чувствува никаков срам. И бидејќи таму грешно дело сторил, се враќа назад, но се срами да се покае.

Неранимајко! Кога со блудницата се прегрнуваше не се срамеше, а кога тргна да се покаеш, се срамиш?

Од што тој сега се срами, кажи ми, кога не се срамеше тогаш кога прељуба стори?

Погано дело значи кога извршуваше немаше срам, а истото тоа со зборови да го исповеда, се срами?

Тоа е ѓаволска обмана. Не му допушта да се срамува додека греши и го изложува на јавно бесчестие зашто знае, дека ако човек се засрами од гревот ќе отстапи, и напротив при покајанието со срам го обсипува, зашто знае дека нема да се покае се додека е засрамен.

Две зла чини. И на грев потикнува и од покајанието одвраќа.

Та од што ти сега се срамиш , како не се срамеше кога блудствуваше.

А дали се срамиш кога мелем на раната превиваш?

Се срамиш од гревот да се ослободиш, а подобро би ти било да си се срамел тогаш кога си грешел. Не си срамел во прељуба да се вовлечеш, а сега се срамиш праведник да постанеш?

„Опомени ме, да се судиме, кажувај за да се оправдаш“.

О, човекољубие владичино! Не рече да не се казниш, туку „да се оправдаш“.

Зарем не му е на грешникот и тоа доста што не го казнуваш туку дури и праведник го правиш? Така е навистина! Но внимавај на беседата. Праведник – вели – ќе го направам.

А кога Бог, ќе запраша некој, такво нешто сторил? Кога разбојникот го спаси. И тоа само затоа што овој на содружникот му рекол:

„Зар ти не се боиш од Бога, а ние сме праведно осудени, зашто примаме по делата свои, како што заслуживме“.

Му одговори Исус: „Навистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лук.23,40-43).

Не му рече: Те ослободувам од маки и казни, туку оправдан го воведува во рајот.

Дали виде како разбојмикот со исповедтта се оправда?

Бог е човекољубив. Тој Синот не го поштеди за робот да го поштеди, го мпредаде Единородниот Син за неблагодарните робови да ги искупи, и крвта на Синот Свој наместо цена ја положи.

О човекољубие Божје! И затоа немој веќе да ми говориш: „Многу сум согрешил, па како можам да се спасам? Ти не можеш, но Господ Твој Кој што гревови исправува, може.

Слушај ги со усрдност овие зборови.

Бог гревовите од нас ги измива, така што после ниту трага не им се препознава, а тоа при телесното лекување не е можно, зашто ако многу лекарот се труди и раната со мелем ја обложува, пак само раната ќе ја залечи, а белегот раната на лицето што била секогаш ќе ја покажува!

Претходна статијаМали маченици…, тагувајте поради пропаста на оние кои по тело и крв ви беа најблиски!(Чедоубиство)
Следна статијаНАЈВОЗВИШЕН ИДЕАЛ ЗА СЕКОЈА ЖЕНА – БОГОМАЈКАТА!