68.
Покајанието нема крај овде на земјата, затоа што Kpajoг на покајанието би значел дека станавме во сѐ слични co Христа.
И најмалата разлика помеѓу Христа и нас бара длабоко покајание:
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нѐ.
Ова слово го искажува растојанието што го чувствуваме меѓу Heго, совршеното и вечно Битие, и меѓу нас.
Ако навистина, не сме во сѐ подобни на Господа, како можеме да бидеме вечно co Heгo, се запрашува Света Симеон Нов Богослов. За него, како и за нас, тоа е невозможно. He ни останува ништо друго освен трпение.
Луѓето, сами од себе, не можат да разберат дали прават грев или не. Само Господ и Светиот Дух им го откриваат тоа. Во рајот, кога Исус Христос зборуваше co Адама, тој одби да се обвини себеси;
“Ти ми ја даде оваа жена, и таа ми даде да јадам од овој плод. Да се обидеме да не Го обвинуваме Бога!
70.
Bo малите работи, во едноставните постапки, да се обидеме да го зачуваме следниов внатрешен став: се одрекувам од волјата на паднатата моја плот; сакам во моите вени да тече животот на Самиот Бor!
71.
Штом Бог постои, признавам дека сите грешки произлегуваат од мене, а не од Hero. Ако усвојам еден таков став, Бог ќе ми даде дух на покајание.,
72.
Кога Го гледаме Христа Каков што Е, почнуваме да се гледаме самите себеси, да се освестуваме колку големи и бедни грешници сме, и да заплачеме за себеси.
Љубовта за целиот свет се раѓа според мерата на нашиот плач. Престануваат поделбите! Сите сме едно во Христа!
Пренесено од книгата “За духот и животот” од старец Софрониј (Сахаров)
Подготви Мина Даниловска