Голема работа е да се преземе врз себе одговорноста за овие нежни, млади животи, кои можат светот да го збогатат co убавина, co радост и co сила, но и лесно можат да се упропастат; големо дело е да се негуваат, да се формира нивниот карактер – еве за што треба да се размислува кога се уредува домот.

Тоа мора да биде дом во кој децата ќе растат заради вистински и благороден живот, заради Бог.

Никакви богатства во светот не можат да му ја заменат на човекот загубата на богатството, кое не може co ништо да се споредува – неговите родени деца.

Бог нешто дава често, а нешто само еднаш. Поминуваат и повторно се враќаат годишните времиња, цветаат нови цвеќиња, но младоста никогаш не доаѓа двапати.

Само еднаш се дава детството co сите негови можности. Она што можете да го сторите за да го разубавите, сторете го бргу.

Главен центар во животот на секој човек мора да биде неговиот дом. Тоа е место каде што растат децата – растат физички, го зацврстуваат своето здравје и впиваат во себе сѐ што ќе ги направи вистински и благородни мажи и жени.

Bo домот каде што растат деца, целото окружување и сѐ што ce случува влијае врз нив, дури и најмал детал може да влијае врз нив поволно или штетно.

Дури и природата околу нив го формира нивниот иден карактер. Сѐ убаво што гледаат детските очи остава траги во нивните чувствителни срца.

Каде и да се воспитува детето, на неговиот карактер оставаат траги местата каде што растело. Треба собите, во кои нашите деца ќе спијат, ќе си играат и ќе живеат, да ги направиме што поубави, колку што ни дозволуваат средствата.

Децата сакаат слики и ако сликите во домот се чисти и убави, извонредно влијаат на нив, ги прават попрефинети. Но, и самиот дом, чист и опремен co вкус, co едноставни украси и пријатен изглед, непроценливо влијае на воспитувањето на децата.

Голема уметност е да се живее заедно, сакајќи се нежно. Ова мора да потекнува од родителите.

Секоја куќа личи на своите создатели. Префинетата природа прави и домот да биде префинет, а грубиот човек и домот ќе го направи груб.

Родителите треба да бидат такви, какви што сакаат да ги видат своите деца – не на зборови, туку на дела. Тие мора да ги учат своите деца по примерот на своjoт живот.

Уште еден важен елемент во семејниот живот се односите на меѓусебна љубов; негувана љубов во секојдневниот живот на семејството, искажување на љубов co зборови и постапки.

Во домот не е потребна формална, туку искрена и природна љубезност. Радоста и среќата им се потребни на децата исто колку што на растенијата им се потребни воздухот и сончевата светлина.

Најбогато наследство што родителите можат да им го остават на своите деца е среќното детство co нежни спомени на таткото и на мајката.

Тоа ќе им ги осветли идните денови, ќе ги чува од искушенија и ќе им помогне во суровото секојдневие на животот кога ќе го напуштат родителскиот кров.

Пренесено од книгата “Света тајна брак” Поуки на Православната црква за бракот и семејството

Претходна статијаПоради кои причини страдаат невините деца? С. Клеопа
Следна статијаЗа епидемијата од гревот на лагата и лицемерието!