Подвизите не се нешто особено и различно од заповедите; тие се едно исто co нив. Нема подвизи одделно од заповедите. Ако ја спомнеш молитвата, и тоа е заповед;

aко ја спомнеш борбата co помислите, и тоа е заповед, зашто ни е заповедано да бидеме будни и трезвени.

Ако ги спомнете постот и бдеењето, знајте дека и тоа се заповеди.

Па така, и борбата co себеси, откажувањето од себеси, и тоа се заповед.

Било кое подвижничко дело да спомнеш и која и да е добродетел, сите тие се заповеди. Целта на подвижништвото е точно извршувањето на заповедите.

5. Светото крштение, како и покајанието, даваат потполно разрешување од гревовите; да се врзеш пак co гревовите или да останеш слободен преку извршувањето на заповедите, ова зависи од твојата слободна волја.

Ако твојата помисла се задржи на некоја гревовна сласт, тоа станува така затоа што ти го посакуваш тоа, а не поради некое присилување. Ние, според зборовите на Светото писмо, имаме власт да ги “уништуваме мудрувањата” (2. Кор. 10, 4).

Борбата co лошите помисли е знак на нашата љубов спрема Бога и не е грев, не е грев самата грешна помисла, грев е кога се насладуваме co неа и другаруваме co неа. Ако не ги сакаме лошите помисли, тогаш зошто да се задржуваме на нив?

Она што не го сака нашето срце, и што го мрази, не треба и не може долго да се задржува во него, ако ние на некој начин слободно не учествуваме во него.

6. Кога пo светото крштение, иако сме во состојба да ги исполнуваме заповедите, а не ги исполнуваме, тогаш и без да го сакаме тоа, ние пак паѓаме во гревовно ропство и од него можеме да се ослободиме дури тогаш, кога во покајание ќе My ce помолиме на Бога и ќе почнеме да ги извршуваме сите Негови заповеди: Он може да ни помогне и да се ослободиме од гревовите што сме ги правеле co нашата слободна волја.

7. Co крштавањето си се облекол во Христа (Гал. 3, 27) и имаш сила и оружје да ги победуваш лошите помисли (cп. 2. Кор. 10, 4).

Кога веќе ја имаш оваа сила против нив и не се бориш против нив и не ги победуваш штом се појават, тогаш е јасно дека се согласуваш co нив и се насладуваш од нив. За ваквото твое однесување ти самиот си виновен.

8. Кога без наша согласност ќе нè нападне некоја нечиста помисла, која не ја сакаме и кога ненадејно, како разбојник, ќе навлезе во нас, таа ќе успее насилно да завладее co нашиот ум.

Но, сепак треба да знаеш дека и таа помисла произлегла од самите нас, затоа што по крштевањето сме се предавале на таа помисла, иако не сме ја извршувале на дело; или, пак, по наша слободна волја, сме задржале во себеси некои семиња на злото, поради што лукавиот се утврдува во нас.

Тој нè држи преку овие семиња и останува во нас сè додека не ги отфрлиме. И тогаш нечистата помисла, која останува во нас додека правиме зло, штом престанеме да грешиме, бива изгонувана од нас, – тогаш ќе почнеме да раѓаме плодови достојни за покајанието – кога се трудиме за Господа.

Затоа за ваквите помисли, кои те вознемируваат, си виновен самиот ти, затоа што имаш власт да ги прогонуваш од себеси и да го очистуваш твојот ум штом почнат да те напаѓаат, а ти не си го правел тоа, туку слободно си собеседувал co нив, иако не си ги спроведувал во дело.

Таквата помисла доаѓа кај тебе, на стоплено место, како при пријател.

Претходна статијаМоќни поуки од Свети Антониј Велики
Следна статијаСв. Марко Подвижник – Потребно е покајанието и за оние што стигнале покајанието на совршенство?