САМОУКОРУВАЊЕ
Видот на смирение, кој подготвува за трпение на неволјите пред да се појават и помага нивно мирно поднесување кога ќе се појават, Светите Отци го нарекле самоукорување.
Самоукорувањето е обвинување на себе за заедничката гревовност на сите луѓе и за својата посебно. Притоа, корисно е да се сеќаваме на своите нарушувања на Законот Божји и да ги набројуваме, освен блудните падови и сопнувања, за кои отците забрануваат детално да се присетуваме, бидејќи го обновуваат гревовното чувство во човекот и се насладуваат co него.
Самоукорувањето, кога ќе ја достигне својата полнота, конечно од срцето ја искоренува злобата, искоренувајќи го лукавството и лицемерието, кое не престанува да живее во срцето, сè додека во него е присутно самооправдувањето.
• Занимавањето co самоукорување го претвора тоа укорување во навика. Кога на оној, кој стекнал таква навика, ќе му се случи некоја неволја, во истиот момент кај него се јавува дејството на навиката и неволјата се доживува како заслужена.
„Главна причина за своето вознемирување – вели преподобен авва Доротеј – ако внимателно испитуваме, е тоа што не се укоруваме себеси. Оттаму потекнува секое растројство; заради тоа никогаш не наоѓаме спокојство.
И тогаш не изненадува што од сите светии слушаме:
‘Нема друг пат, освен тој’. He гледаме било кој од светиите дека пронашол спокојство одејќи пo друг пат! А ние сакаме да одиме по вистинскиот пат, а притоа да не се прекоруваме себеси.
Навистина, ако човекот направи многу добродетели, a не оди по тој пат, никогаш нема да престане да се навредува и да се навредува, уништувајќи ги co тоа сите свои напори.
Напротив: оној, кој се прекорува себеси, секогаш е во радост, секогаш е во спокојство. Оној, кој се прекорува себеси, каде и да појде, како што рекол и авва Пимен, што и да му се случи, штета или срам, или некоја неволја, однапред смета дека ја заслужил секоја неугодност и никогаш не се вознемирува.
Може ли нешто да биде поспокојно од таа состојба?
Но, некој ќе рече: ако братот ме навреди, a jac сметам дека за тоа не сум му дал никаков повод, како можам да се прекорувам себеси? Оној, кој себеси се испитува co страв Божји, секако ќе најде дека дал повод, co збор или co дело, или на било кој начин.
Ако пак и види, дека во тој момент, не дал никаков повод, го навредил некогаш порано, него или некој друг брат и требало да пострада заради тој или заради некој друг грев, што често и се случува.
Значи! Ако некој се погледне себеси, како што реков, co страв Божји и ja истражи својата совест, секако ќе најде дека е виновен”. Чудесна работа!
Започнувајќи co прекорување на себе не сакајќи и на сила, ние на крајот постигнуваме самоукорувањето да биде толку убедливо и делотворно, што co помош на него ги поднесуваме не само вообичаените неволји, туку дури и најголемите несреќи.
За оној кој е напреднат, искушенијата веќе немаат таква сила, туку според мерката на нивното напредување, стануваат полесни, дури и кога сами по себе се потешки. Во мерката на напредувањето душата се зацврстува и добива сила, трпеливо да поднесува сè што се случува.
• Оној кој се обвинува себеси, ќе им одолее на сите искушенија! Кое страдање може да го совлада оној, кој за себе смета дека го заслужува секое страдање?
Кое страдање може да го совлада оној, кој секое страдање што доаѓа го дочекува co зборовите на блажениот разбојник:
Примaм според своите дела, како што и заслужив; сети се на мене, Господе, кога ќе дојдеш во Царството Свое!
• Свети Јован Лествичник рекол:
„Кој отфрлил обвинение, праведно или неправедно, тој го отфрлил своето спасение”.
Научи се да ги носиш слабостите на ближните, заради Бог да им угодуваш ним, а не на себе, научи се да ja полагаш душата своја за своите ближни!
Научи се да поднесуваш приговори и навреди! Држи се за обвиненијата на своја сметка, како оној кој паднат во вода се држи за јажето што му го подале, и ќе се избавиш од потопување во немир и тага!
• Мене многу ми се допаѓа изреката на Пимен Велики:
„Ако секогаш и во сè се обвинуваме себеси – рекол тој – тогаш секаде ќе пронаоѓаме мир”.
Друг отец рекол: „Ние го оставивме лесното бреме, кое се состои во обвинување на себе, и го зедовме тешкото, кое се состои во обвинување на другите”. Таквата изрека вреди како цела книга!
• Корисно е да се осудуваме себе: тоа води кон смирение. Строго да се пресудува на себе е штетно: тоа човекот го турка во униние и раслабеност.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви Мина Даниловска