Bo молитвата е значаен интензитетот
Bo молитвата не е значајно времетраењето, туку интензитетот.
Молете се макар и пет минути, но предадено на Бога co љубов и радост и копнеж.
Може некој цела ноќ да се моли, а некој само пет минути, па оваа молитва од пет минути да биде повозвишена. Секако, тоа е тајна, но така е.
Деца мои, слушнете ме да ви кажам еден пример.
Еден монах одел во пустината и таму наишол на друг монах. Се поздравиле.
Му рекол:
– Од каде доаѓаш?
– Од тоа и тоа село.
– Како ви тече животот таму?
– Имаме страшна суша. Во грижи сме.
– А, што направивте? Се помоливте ли?
– Да.
– Заврна дожд?
– He заврна.
– Изгледа не сте се помолиле срдечно. Ајде да си се помолиме малку тука на Бога да помогне.
И, таму каде што биле, почнале да се молат. Веднаш се појавил еден мал облак кој се зголемил, поцрнел, се спуштил долу и ете, почнало силно да врне дожд.
Што се случило? Се случила срдечна молитва. Малку се помолиле, а заврнало. Но интензитетот имал значење.
„Co труд и силно”, како што вели свети Макариј. Свети Макариј се молел усрдно co сета душа и сето срце и сиот разум. И co душа и co тело му се предал на служењето на Бога.
Можел така да ја подигне својата рака и таа да му остане укочена од преголем интензитет во молитвата.
Исто така и оној, кој фрла клетва и ја подига раката против некого, може да го пренесе злото.
Некој ми рече: – Сакаме да се помолиш за нас.
Јас му одговорив: – Ќе се помолам co моето срце, co смирение пред Господа. Ќе се помолам „разумно”.
Тој ми рече: – Што значи „разумно?
– Тоа е свесна молитва, co сосредоточен ум. Еве!
Еднаш се собрале луѓе на еден плоштад и го баралe пророкот Давид да им проговори, затоа што се случил некој важен настан и целиот народ повикувал. А пророкот излегол и им рекол:
„Пејте My на нашиот Боr, пејте My, Пејте My на нашиот Цар, пејте My, затоа што Бог е Цар на сета земја пејте разумно.” (Пс. 46, 7-8)
Тој беше задоволен и ми рече:
– Каде се наоѓа ова во Светото Писмо, да одам да го најдам? Кој псалм е тоа?
– Мислам дека почнува вака:
„Сите народи ракоплескајте, воскликнете My на Бога co радосен глас…” (Пс. 46, 1)
старец Порфириј Кавсокаливит” Превод од грчки јазик: јеромонах Атанасиј Арсоски
Подготви Мина Даниловска