Дома Свети Отци Не ги поучува другите тој што се наоѓа во пранги…!

Не ги поучува другите тој што се наоѓа во пранги…!

0
636

Делата на плачот

1. Тешко, тешко ми мене, што уште не сум се ослободил од пеколот! Оние што ме влечат кон него уште раѓаат плодови во мене и сите дела пеколни уште се во моето срце.

Тие што ме фрлаат во огнот уште дејствуваат во моето тело и сакаат да ги раѓам плодовите на пеколот. Уште не знам каде ќе појдам оттука, уште не е приготвен патот пред мене.

Уште не сум ослободен од нивното влијание, од влијанието на темните воздушни сили, кои ќе ми го препречуваат патот затоа што во мене има лоши дела.

Уште не сум го видел Избавителот, Кој дошол во светов за да ме ослободи од нив затоа што нивната пакост уште раѓа плодови лоши во мене.

Уште не сум го видел смелото застапништво меѓу мене и Судијата; уште нема сведоштво за мене дека не сум достоен за смртта; уште не сум се оддалечил од моите злосторници.

He ce радува злочинецот што е затворен во темница; не може да прави што сака оној што е врзан co вериги железни;

не ги поучува другите тој што се наоѓа во пранги;

не знае за мир – измачуваниот од трудови тешки, врзаниот за вратот не јаде co сласт.

He смислува злосторства нови оној што ги направил сите гревови; тој жално ги оплакува сите свои лоши дела и сите свои маки, што се приготвени за него, велејќи си сам на себеси:

“Да, јас сум достоен за сите тие маки!” Тој постојано мисли за крајот свој, за маките соодветно на неговите гревови; никого не осудува за своите маки: постојано повторува: “Тешко, тешко ми мене!”

Така се осудува тој; никого не поучува, никому не вели да не очајува; и на ум не му паѓа што ќе јаде што ќе пие.

Ја прима храната од оние што имаат милост спрема него, но тоа што го јаде е без вкус од маките негови.

На навредите не одговара co гнев: трпеливо ги поднесува маките свои, велејќи: – Јас нив ги заслужувам. Насмевката ја нема на неговото лице (Мудр Сир. 19, 27).

Офка и помислува за престолот на судијата, пред кој треба да застане. Кога му говорат, тој не слуша; не знае дали се добри или лоши – слухот негов не ги прифаќа.

…..

Заплачете за мене, сите браќа мои, вие што ме познавате; молете се помош поголема од мојата да добијам и да ме надвладее, за да станам и јас ученик достоен на Мојот Господ.

Зашто силата Негова е во сите векови и во целата вечност. Амин.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том I (Преподобен авва Исаиј)

Подготви М. Даниловска