„Он се крсти во водата, а водата и сѐ создадено, сета твар, се освети и возобнови – повторно стана погоден материјал за совршување на Светите Тајни.
Нему Му се отворија небесата, а на нашето срце му се овозможи да стане влез и седиште на Царството Небесно.

Гласот на Отецот од небесата за Него сведочи: „Тој е Мојот возљубен Син и на Него е Мојата милост“, а на сите нас восиновување ни благовести.

Да, Бог се јави како Света Троица, а вистински Човек ни се покажа – како Црква!“

Претходна статијаБог ни се јави – радувајте се! (Отец Гаврил)
Следна статијаСвети Јован, моли го Бог да ни даде милост и време за покајание!