АКАТИСТ кон преслаткиот Господ наш Исус Христос
Ha Господи возвах, стихири, глас шести:
Подобен на: Все отложше:
Исусе Преслатки, на душата моја утешение,
Исусе мој, на умот мој очистување, Владико Многомилостив,
Исусе спаси ме. Исусе, Спасе мој, Исусе мој Сесилен, не оставај ме, Спасе Исусе, помилуј ме и избави ме од секоја мака, Исусе, и удостој ме co делот на спасените, Исусе мој, и кон соборот на избраните Твои приброј ме, Исусе, Човекољупче.
Исусе Преслатки, славо на апостолите,
Исусе мој, пофалбо на мачениците, Владико Сесилен,
Исусе спаси ме.
Исусе Спасе мој, Исусе мој најпрекрасен, кон Тебе притекнувам, Спасе Исусе, и по молитвите на Онаа Која Те роди и сите светии Твои, Исусе, и сите пророци, Спасе мој, Исусе, и co сладоста рајска удостој ме, Исусе, Човекољупче.
Исусе Преслатки, слава на оние кои монашествуваат,
Исусе Долготрпелив, на испосниците слава и украсу,
Исусе спаси ме.
Исусе, Спасе мој,
Исусе мој преблаг, за рака од змијарникот извлечи ме, Спасе, Исусе, и од замката негова ослободи ме, Спасе, Исусе, и од бездната надолна, Спасе мој, Исусе, подигни ме и приброј ме, Исусе, при овците десно од Тебе.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин!
(глас втори)
Ти, Која Преслаткиот Го Роди, Богородителке, Исуса Сештедриот и Човекољубивиот Бог, Исуса единствениот Благоутробен; Heгo моли Го, Владичице на светот, Сенепорочна, да се смилува на мене паднатиот, да ме избави од делот на оние од левата страна и co стоењето оддесно да ме удостои, кога ќе седне да му суди на светот, како што е напишано.
Стиховни стихири, глас шести :
Спасе мој, Исусе, Ти, Кој заблудениот го спаси, Спасе мој, Исусе, Ти, Кој блудницата ја прими, и мене сега помилуј ме, Исусе Многумилостив, спаси ме и уштедри ме, о, Исусе Добротвору, како Манасија, Благоутробен Исусе мој, зашто си единствен Човекољубец.
Ни една, на земјава, заповед Твоја не ја извршив. Како тогаш да Ти се обратам Тебе, Кој на Престол седиш, како збор да прозборам и суд да сочинам од сè што во знаење и незнаење сторив, Христе мој, Исусе? Затоа кон Тебе повикувам:
„По молитвите на служителите Твои, Исусе, спаси ме мене грешниот!”
Кoj не би заплакал над мене, престапникот на заповедите Твои, Исусе? Co невоздржување во адот се вселив, Исусе, наместо во рајот, вкусувајќи од сластите кои смртозорците ги љубат и на Твојата слава и живот туѓ станувајќи им, Исусе, Спасе мој. Но, прими ме и мене кој се каам, како милостив Човекољубец, Исусе мој, заради безмерната милост Твоја.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин!
Богородичен:
Единствена Пречиста, Дево, Која Исуса Го роди, избави ме од душевните гревови и спаси ме мене осмртениот, Ти се молам, зашто надеж си на безнадежните и помошничка на светот, зашто крепост имаш, Отроковице, како Мајка на Господа. He презри ја молитвата Moja и не отфрлај ја, Сечиста Владичице, туку како човекољубива, спаси ме.
Помилуј нè, Господи, помилуј нѐ, зашто никакво оправдание немајќи, оваа молитва, како на Владика, ние грешните Ти ја принесуваме: „Помилуј нè!”
Слава: Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме.
He гневи се силно на нас и не спомнувај ги безаконијата наши.
Зашто Ти си Бог наш, а ние сме луѓето Твои, сите дело на рацете Твои сме и името Твое го призиваме.
И сега: Дверите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице, за да не погинеме ние кои на Тебе се надеваме, туку преку Тебе од маките да се избавиме, зашто Ти си спасение на родот христијански.
УМИЛИТЕЛЕН КАНОН КОН НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
(Творба на свети Теоктист од Студитската обител, глас втори)
Песна прва
Ирмос: Преобразената Сила, во длабочините го сотре некогаш севоинството фараонско, a Воплотеното Слово гревот сезлобен го сотре. Препрославениот Господ, славно се прослави.
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Исусе, Пресладок Христе, Исусе долготрпелив, исцели ги раните на душата моја и умили го срцето мое Многумилостиви, Ти се молам, Исусе, Спасе мој, за да Те возвеличам Тебе – Спасителе мој.
Исусе Пресладок Христе, отвори ми ги, Исусе, дверите на покајанието, Човекољупче Исусе, и прими ме мене кој Ти припаѓам и топло од Тебе молам, Исусе, Спасе мој, прошка на гревовите мои.
Слава: Исусе Пресладок Христе, Исусе грабни ме од рацете на лажливиот бес, Исусе, сочини ме претстојател оддесно на славата Твоја, Исусе, Спасе мој, избавувајќи ме од делот на оние од левата страна.
И сега: Владичице, Која Го роди Бога Исуса, моли се за нас – непотребните слуги; Пречиста, по молитвите Твои од маки да се избавиме, Нескверна, ние скверните, насладувајќи се co славата присносушна.
Песна трета
Ирмос: Откако на каменот на верата ме утврди, си ja отворил устата Moja против противниците мои, затоа се весели духот мој кога пее: „Нема свет, како Бог Hаш и нема поправеден од Тебе, Господи!”
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Почуј ме, Човекољупче, Исусе мој, мене – слугата Твој, кој во умиление повикувам , и избави ме, Исусе, од осуда и мака; единствен долготрпелив, Исусе Пресладок и Многумилостив!
Подигни го слугата Твој, Исусе мој, кој co солзи ти припаѓа, Исусе мој, и спаси ме мене кој се каам, Исусе мој, и од геената, Владико, избави ме, Исусе Пресладок и Многумилостив!
Слава: Времето, Исусе мој, кое си ми го дал, во страсти го изарчив, Исусе мој, но Ти, Исусе мој, не отфрлај ме затоа, туку повикај ме Ти се молам, Владико, Исусе Преслатки, и спаси ме.
И сега: Дево, Родилке на мојот Исус, Hero моли Го, од геената избавен да бидам, Единствена Богоблагодатна, Застапничке на оскрбените, и удостој ме co животот неминлив, Сенепорочна!
Седален, глас први:
подобен на: Гроб Твој Спасе:
Спасе мој, Исусе, Ти, Кој заблудениот го спаси, Спасе мој, Исусе, Ти, Кој блудницата ја прими, и мене сега помилуј ме Исусе Многумилостив, спаси ме и уштедри ме, о, Исусе Добротвору, како Манасија, благоутробен Исусе мој, зошто си единствен Човекољубец.
Песна четврта
Ирмос: Си дошол од Дева, не како застапник, не како Ангел, туку Самиот Ти, Господи, воплотувајќи се, и Си ме спасил мене целиот човек. Затоа Ти воскликнувам: „Слава на силата Твоја Господи!”
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Исцели ги, Исусе мој, раните на душата моja, Ти се молам, Исусе мој, грабни ме, Исусе мој благоутробен, од рацете на душегубниот бес и спаси ме.
Згрешив, Исусе мој Преслатки, Милосрден. Исусе мој, спаси ме мене кој притекнувам под покровот Твој, Исусе Долготрпелив, и удостој ме co Царството Твое.
Слава: Никој не згреши, Исусе мој како јас бедниот што згрешив. Но молејќи Те, припаѓам, Исусе мој, спаси ме; и наследство животно, Исусе мој, подари ми.
И сега: Севоспевана, на Исуса Господа Родилке, Hero моли Го од маки да ги избави сите што Тебе Те воспеваат и вистински Богородица Те именуваат.
Песна шеста
Ирмос: Во бездна гревовна валкајќи се, ja призивам неиспитаната бездна над Твоето милосрдие:
„Од пропаста Боже, подигни ме!”
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Исусе мој, многумилостив Христе, прими ме Владико, Мене кој се исповедам, о, Исусе, и спаси ме, и од пропаст, Исусе, избави ме.
Исусе мој, никој друг не стана таков блудник, како мене острастениот, о, Исусе, Човекољупче. но, Ти, Исусе, спаси ме.
Слава: Исусе мој, блудницата и заблудениот, и Манасија и митарот ги надминав во острастеност, о, Исусе мој, и разбојникот, Исусе, и Ниневјаните.
И сега: Ha мојот Исус Христос Родителке, Пречиста Дево, единствена Нескверна, мене скверниот co исопот на молитвите Твои сега очисти ме.
КОНДАК 1:
Војводо и Господи, Поборнику наш и на адот Победителу: јас, co созданието Твое и слугата Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофалби Ти оддавам:
„Ти, Кој имаш неизречиво милосрдие, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувам:
„Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
ИКОС 1:
Создателу на Ангелите и Господи на Силите, отвори го мојот колеблив ум и јазик, за пофалба на пречистото име Твое, онака, како што во дамнина на глувиот и немиот слухот и јазикот им ги одврза, па зборуваа повикувајќи вака:
„Исусе сечудесен, на ангелите восхитување;
Исусе сесилен, на прародителите избавување!
Исусе преслатки, на патријарсите величање;
Исусе преславен, на царевите укрепување!
Исусе сељубив, на пророците исполнување;
Исусе прекрасен, на мачениците окрепување!
Исусе претивок, на монасите Радост; Исусе премилостив, на презвитерите Сладост!
Исусе семилосрден, на постниците воздржание; Исусе сеслатки на преподобните радование.
Исусе пречесен, на девствените целомудрие; Исусе предвечен, на грешниците спасение! Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 2
Како што во она време, Господи, гледајќи ја вдовицата како силно плаче, се смилостиви и синот нејзин, кој на погребение носен беше, го воскресна; така и кон мене смилувај се, Човекољупче, и воскресни ја од грев осмртената душа моја, која повикува: „Алилуја!”
ИКОС 2
Неопитниот разум сакајќи да го разбере, Филип велеше: „Господи, покажи ни Го Отецот.” А Ти му одговори:
„Толку време co Мене си, зар не позна дека Отецот е во Мене, и Јас сум во Отецот?” Затоа и јас, неопитен, co страв Ти повикувам:
“Исусе, Боже предвечен;
Исусе, Цару сесилен!
Исусе, Владико долготрпелив;
Исусе, Спасе премилостив!
Исусе, Пазителу преблаг мој;
Исусе, очисти го гревот мој!
Исусе, земи ги беззаконијата мои;
Исусе, отпиши ги неправдите мои!
Исусе, Надеж моја, не оставј ме;
Исусе Помошнику мој, не отфрлај ме!
Исусе, Создателу мој, не заборавај ме;
Исусе, Пастиру мој, не погубувај ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК З
Ти, Кој во вишната сила апостолите ги облече,
Исусе, додека во Ерусалим седеа, и мене, соголениот
од секоја добродетел, co топлината на Светиот Дух облечи ме и дај ми co љубов да Ти пеам: „Алилуја!”
ИКОС 3
Ти, Кој имаш богатство на милосрдие, Исусе, митарите, грешниците и неверниците си ги призвал. He презри ме сега и мене – ним подобниот, туку како бесценето миро, прими ја оваа песна:
„Исусе – Сило непобедлива;
Исусе – Милост бесконечна!
Исусе Убавино пресветла;
Исусе – љубов неискажана!
Исусе, Сине на Бога Живиот;
Исусе, помилуј ме мене грешниот!
Исусе почуј ме мене во беззаконијата зачнатиот;
Исусе, очисти ме мене во гревови родениот!
Исусе, вразуми ме мене непотребниот; Исусе, освети ме мене помрачениот!
Исусе, очисти ме мене скверниот;
Исусе, подигни ме мене блудниот!
Исусе, Сине Божји,помилујме!”
КОНДАК 4
Внатрешна бура од сомнежи помисли имајќи,
Петар почна да тоне. Но, гледајќи Те како во тело по водата одиш, Исусе, Те позна Тебе – вистинскиот Бог и добивајќи рака на спасение, рече: “Алилуја!”
ИКОС 4
Слушајќи, Господи, како по пат минуваш, слепиот извика: “Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!” А Ти кога го повика, очите му ги отвори. Така, просвети ми ги, co милоста Своја, духовните очи на срцето мое, и мене кој воспевам и глаголам:
„Исусе, на небесните Создателу;
Исусе, на земните Искупителу!
Исусе, на отпаднатите Истребителу;
Исусе, на сета твар Украсителу!
Исусе, на душата моја Утешителу;
Исусе, на умот мој Просветителу!
, на срцето мое веселие;
Исусе, на телото мое исцеление!
Исусе, Спасе мој, спаси ме;
Исусе, Светлост моја, просвети ме!
Исусе, од секоја мака избави ме;
Исусе, мене недостојниот спаси ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 5
Како што во дамнина, co Божествената КрвСвоја од клетвата законска нè избави, Исусе, така избави нѐ од стапицата во која змијата нѐ заплетка co плотски страсти, co блудни искушенија и co зло униние, нас кои Ти повикуваме: „Алилуја!”
ИКОС 5
Кога Го видоа отроците еврејски во човечки образ Оној, Кој co рака човекот го создаде и разбра дека Он e Владика, поитаа co гранчиња почит да My оддадат, воспевајќи: „Осана!” Ние, пак, песна Ти принесуваме глаголајќи:
„Исусе, Боже вистински;
Исусе, Сине Давидов!
Исусе, Цару преславен;
Исусе, Агнецу непорочен!
Исусе, Пастиру прекрасен;
Исусе, Пазителу во младоста моја!
Исусе, Чувару во младоста моја;
Исусе, Пофалбо во староста моја!
Исусе, Надеж во смртта Moja; Исусе,
Животу no смртта моја! Исусе,
Утехо моја на Судот Твој;
Исусе, Желбо моја, не посрамувај ме тогаш!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 6
Проповедите и словата на богоносните проповедници исполнувајќи ги, Исусе, на земјата си се јавил, и Несместив, co луѓето си поживеал, земајќи ги на Себе болестите наши. Така, co раните Твои исцелени, научивме да Ти пееме: „Алилуја!”
ИКОС 6
Ha вселената и заблеска светлоста на вистината Твоја и се сотре прелеста демонска, а идолите, Спасе наш, не поднесувајќи ја крепоста Твоја, паднаа. Ние пак, спасение добивајќи, Ти воспеваме:
„Исусе, Вистино Која прелеста ја одгонува;
Исусе, Светлино, Која секоја светлост ја надминува!
Исусе, Цару, Кој секоја крепост ја надминува;
Исусе, Боже, Кој во милост секогаш пребива!
Исусе, Лебу животен, насити ме мене гладниот;
Исусе, Извору на разум, напој ме мене жедниот;
Исусе, Одеждо на веселие, облечи ме мене гнилежниот;
Исусе, Покрову на радост, покриј ме мене недостојниот!
Исусе, Подателу на оние што бараат, дај ми плач за гревовите мои;
Исусе, Наоѓачу на изгубените, најди ја душата моја!
Исусе, Ти, Кој им отвараш на оние што чукаат, отвори го бедното срце мое;
Исусе, Искупителу на грешните, очисти ги беззаконијата мои!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 7
Сакајќи од вечност сокриената Тајна да ни ја откриеш, како овца на колење си бил воден, Исусе, и како јагне нем пред оние кои го стрижат. И како Бог од мртвите си воскреснал, co слава на небесата си се вознел и нас co Себе си нè подигнал, кои воскликнуваме: „Алилуја!”
ИКОС 7
Нешто навистина прекрасно ми покажа Творецот, нам јавувајќи ни се, бессемено од Дева се воплоти, не кршејќи го печатот од гробот воскресна и при апостолите низ врата затворена, co тело влезе. Затоа восхитувајќи се, да запееме: „Исусе, Слово несогледливо; Исусе, Сило несовладлива! Исусе, Мудрост непоимлива; Исусе, Божество неописливо! Исусе, Господарство неизмерно;
Исусе, Царство непобедливо!
Исусе, Владичество бесконечно!
Исусе, Крепост највисока;
Исусе, Власт вечна! Исусе, Создателу мој, уштедри ме;
Исусе, Спасителу мој, спаси ме! Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 8
Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од суетниот свет и умот свој кон божествени нешта да го исправиме. Оти Бог затоа на земјата слезе, за да нè воведе на небото нас кои му воспеваме: „Алилуја!”
ИКОС 8
Сиот беше меѓу земните и од небесните не отстапи, Безмерниот, кога заради нас доброволно пострада, и co смртта Своја нашата смрт ја умртви и co воскресението живот им подари на оние кои воспеваат:
„Исусе, сладост на срцето;
Исусе, Крепост на телото!
Исусе, Светлост на душата; Исусе, Бистрино умна!
Исусе, Радост на совеста; Исусе, Надеж сигурна! Исусе, Памјат предвечна;
Исусе, Пофалбо висока!
Исусе, Славо моја возвишена!
Исусе, Желбо моја не отфрлај ме;
Исусе, Пастиру мој побарај ме!
Исусе, Спасителу мој спаси ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 9
Сето естество ангелско непрестано го слави на небесата пресветото Име Твое, Исусе; „Свет, Свет, Свет!” – воспевајќи Ти. Ние, пак грешните на земјата, co усни валкани воспеваме: „Алилуја!”
ИКОС 9
Говорниците речити, како риби безгласни пред Тебе ги гледаме, Исусе, Спасе наш, немоќни да објаснат како тоа, и како Бог неизменливо, и како совршен Човек постоиш. Ние пак, од Таинството восхитени, co вера воспеваме:
„Исусе, Боже предвечен;
Исусе, Цару на царевите!
Исусе, Владико на владетелите;
Исусе, судијо на живите и мртвите!
Исусе, надеж на безнадежните;
Исусе, Утехо на нажалените!
Исусе, Славо на сиромасите!
Исусе, не суди ми по делата мои;
Исусе, по милоста Твоја очисти ме!
Исусе, одгони го унинието од мене;
Исусе, просвети ги моите мисли срдечни;
Исусе, дај ми сеќавање на смрт!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 10
Сакајќи светот да го спасиш, Истоку на истоците, кон темниот запад, природата наша, дојде, смирува]ќи се до смрт. Затоа се превознесе Името Твое, над секое име, и од сите поколенија небесни и земни слушаш: „Алилуја!”
ИКОС 10
Цару предвечен, Утешителу, вистинит Христе, очисти нè од секоја скверност, како што ги очисти десетмината прокажани, и исцели нè како што ја исцели среброљубивата душа на Закхеја митарот, за да Ти воспеваме во умиление, извикувајќи:
„Исусе, Азно нетлено;
Исусе, Богатство непотрошливо!
Исусе, јадење крепко;
Исусе, пиење неисцрпно!
Исусе, Облека на бедните;
Исусе, Застапнику на вдовиците!
Исусе, Заштитнику на сираците;
Исусе, Помошнику на трудбениците!
Исусе, Наставнику на оние што патуваат;
Исусе, Кормилару на оние што пловат!
Исусе, Пристаниште на оние што бура ги носи;
Исусе, Боже, подигни ме, мене паднатиот!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 11
Пеење сеумилно ти принесувам јас недостојниот и како Хананејката Ти велам: „Исусе, помилуј ме!”, зашто имам не ќерка, ами тело што во страсти луто беснее и во јарост пламти. Исцеление дај ми мене, кој Ти воспевам: „Алелуја!”
ИКОС 11
Светозарен Светилнику на оние, кои во мракот на неразумноста се, Кого Павел порано Го гонеше, од кого ја слушна силата на гласот богоразумен и ja просвети душевната бистрина; и мене просвети ми ги темните зеници на душата која повикува:
„Исусе, Цару мој прекрепок;
Исусе, боже мој пресилен!
Исусе, Господи мој бесмртен;
Исусе, Создателу мој преславен!
Исусе, Наставнику мој предобар;
Исусе, Пастиру мој сештедар!
Исусе, Владико мој премилостив;
Исусе, Спасе мој премилосрден!
Исусе, просвети ги сетилата мои од страсти помрачени;
Исусе, исцели го телото мое co гревови раносано!
Исусе, очисти го умот мој од помисли суетни;
Исусе, запази го срцето мое од похоти лукави!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 12
Благодат дај ми, од сите долгови Ослободителу, Исусе, и прими ме мене кој се каам, како што го прими Петра, кој се откажа од Тебе, и повикај ме мене очајниот, како Павла, кој некогаш Те гонеше, и почуј ме мене, кој Ти повикувам: „Алилуја!”
ИКОС 12
Воспевајќи го Твоето вочовечување, сите Те славиме, и co Тома веруваме дека Господ и Бог си, Кој co Отецот седи и повела, на живите и мртвите да им суди. Затоа удостој ме co делот десно од Тебе и мене кој ти повикувам:
„Исусе, Цару предвечен помилуј ме;
Исусе, Цвету благоухан, намирисај ме!
Исусе, Топлино блага, огреј ме; Исусе, Храму предвечен, засолни ме!
Исусе, Одеждо, светла, украси ме;
Исусе, Бисеру скапоцен, заблескај ме!
Исусе, Камену скапоцен, пресвети ме; Исусе, Сонце на правдата, озари ме!
Исусе, Светлино света, осветиме;
Исусе, од болест душевна и плотска избави ме!
Исусе, од рака противничка избави ме;
Исусе, од огнот незгаслив и од сите маки вечни ослободи ме!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 13
О, пресладок и сештедар Исусе! Прими ја сега оваа мала наша молба, како што од вдовицата двете лепти ги прими и сочувај го наследството Твое од видливите и невидливите врагови од навала на иноплеменици, од болест и од глад, и од секоја неволја и од смртни рани, и од идните маки избави ги сите што Ти повикуваат: „Алелуја!”
Овој кондак се кажува трипати, потоа повторно првиот икос, па повторно првиот кондак:
ИКОС 1
Создателу на Ангелите и Господи на Силите, отвори го мојот колеблив ум и јазик, за пофалба на пречистото име Твое, онака, како што во дамнина на глувиот и немиот слухот и Јазикот им ги одврза, па зборуваа повикувајќи вака:
„Исусе сечудесен, на ангелите восхитување;
Исусе сесилен, на прародителите избавување!
Исусе преслатки, на патријарсите величање;
Исусе преславен, на царевите укрепување!
Исусе сељубив, на пророците исполнување;
Исусе прекрасен на мачениците окрепување!
Исусе претивок, на монасите Радост;
Исусе премилостив, на презвитерите Сладост!
Исусе семилосрден на постниците воздржание;
Исусе сеслатки, на преподобните радование!
Исусе пречесен на девствените целомудрие;
Исусе предвечен, на грешниците спасение!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!”
КОНДАК 1
Војводо и Господи, Поборнику наш и на адот Победителу: jac, созданието Твое и слугата Твој, кој од вечната смрт избавен сум, пофалби Ти оддавам: „Ти, Кој имаш неизречиво милосрдие, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувам: „Исусе, Сине Божји,помилујме!”
Песна седма
Ирмос: На полето Деир, каде што на идолот златен му се служеше, трите отрока Твои ги отфрлија повеленијата безбожнички и среде оган врзани, оросени пееја:
„Благословен си, Боже на отците наши!”
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Христе Исусе, никој не згреши на земјава, о, Исусе мој, како што згрешив јас бедниот и блуден. Затоа, Исусе мој, Ти повикувам: „Смилувај се на мене кој Ти пејам:
„Благословен си, Боже на отците наши!”
Христе Исусе, кон стравот Твој приковај ме – повикувам, о, Исусе, и води ме сега кон пристаниште мирно, Исусе мој штедар, за јас, така спасениот, да Ти воспевам:
“Благословен си, Боже на отците наши!”
Слава: Христе Исусе, јас, страсниот безброј пати Ти ветив, о Исусе мој, покајание, но излажав јас бедниот. Затоа, Исусе мој, Ти повикувам:
„Просвети ја душата моја, во бесчуство што пребива, Христе, на отците наши Боже, благословен си!”
И сега: Ти, Која Христа Исуса чудно и натприродно Го роди, Сенепорочна, моли Го Hero, сите прегрешенија мои направени преку природата да ги прости, Отроковице, за да повикам така спасуван:
„Благословена си, Ти Која Бога во тело Го роди!”
Песна осма
Ирмос: На Бога, Кој во печка огнена при отроците еврејски слезе и пламенот во роса го претвори,опевајте ги делата како Господови и превознесете Го во сите векови.
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Тебе, Исусе мој, Те молам, како што си ја избавил блудницата, Исусе мој, од многуте согрешенија, така и мене избави ме, Исусе Христе мој, и очисти ја осквернетата душа Moja, Исусе мој.
Приклонувајки им се на бесловесните страсти, бесловесен постанав и на скот потполно, о, Исусе мој, јас бедниот и острастениот се уподобив, Спасе; затоа, Исусе, од бесловесноста избави ме!
Слава: Поразен, о Исусе, од душетлените разбојници, без риза боготкаена останав сега, Исусе мој, и лежам во рани раносан. Елеј, Христе мој, излеј на мене, и вино!
И сега: Ти, Која мојот Исус и Христос Бог неискажано Го носеше, Богородице Марие, моли Го секогаш Hero, Од маки да се спасат слугите Твои и појниците Твои, Неискусомажна Дево.
Песна деветта
Ирмос: Тебе, Кој си од Бога, Бог Слово и Кој co неискажана мудрост дојде да го обновиш Адама, кој co храна во трулежност лута падна; Тебе, преку светата Дева неискажана заради нас воплотениот, ние верните едномудрено co песна Те величаме!
Припев: Исусе преслатки, спаси ме!
Манасија, Исусе мој, митарот, блудницата, заблудениот, штедар Исусе, и разбојникот ги надминав, Исусе мој, во дела срамни и неумесни, Исусе. Но, Ти, Исусе мој, пресретнувајќи ме, спаси ме!
Сите кои од Адама згрешија, Исусе мој, пред законот и во законот, Исусе, и по законот, jac бедниот ги надминав, и благодатта, Исусе мој, co бедни страсти ја осквернив. Но, Ти, Исусе мој, спаси ме co пресудите Твои!
Слава: Да не бидам одлачен, Исусе мој, од неизречената слава Твоја, да не примам од делот, Исусе, на оние од левата страна, пресладок Исусе; но, Ти вбројувајќи ме во овците десно од Тебе, Христе Исусе мој, упокој ме како Милосрден.
И сега: Исуса, Кого си Го носела, Богородице, единствена Неискусомажна Дево Марие, умилостиви Го, Чиста, зашто Твој Син е и Создател, да нè избави нас, кои кон Тебе прибегнуваме, од искушенијата и маките и од идниот оган.
Светилен:
Исусе, на премудрост и на смисла Подателу, на бедните Водителу, на сираците Покровителу, на болните Исцелителу – исцели го и просвети го срцето мое, Исусе, и телото мое кое co рани гревовни и страсти е покриено, Исусе, и спаси ме!
Богородичен:
Co блесокот, Дево, на Оној, Кој на светот му заблеска низ Тебе, умот мој озари го и срцето просвети го, одголувајќи го мракот гревовен и развејувајќи ja маглата на мрзливоста.
Хвалитни стихири, глас четврти:
Прекрасното име Твое, Исусе Спасе наш, ангелите го пеат на небесата и ние грешните на земјата co усни валкани воспеваме: „Заради името Твое, помилуј нè!”
Великото име Твое, Спасе на небесата се почитува, кајшто оддесно на Отецот седиш. На земјата, пак, неискажаното Твое воплотување се слави. Слегувањето во адот демоните ги плаши. Од нив избави нè и нас, Христе Боже, и спаси нѐ!
Авакум, како во загатка, ги разбра чудесните дела Твои и во страв се восхити. Блудниците и грешниците на кои им пристапи, по допуштение Те познаа, Исусе. Јас пак, бедниот, во негрижа живеам, но дај ми барем од сега разум и страв Твој, Милосрден, и голема милост.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови.
Богородичен:
Избавителке крепка на оние што на Тебе се надеваат, во тивкото пристаниште на волјата Божја води ме, Богородице, со мајчинската Твоја смелост, што ја имаш кон Синот Твој, Богоневесто.
МОЛИТВА кон Преслаткиот наш Господ Исус Христос:
Владико, Господи Исусе Христе, Боже мој, Ти, Кој по неискажаното Твое човекоњубие, кон крајот на вековите во тело се облече од Приснодева Марија;
ја славам спасоносната Твоја промисла за мене, јас слугата Твој Владико,
Ти песнословам, зашто низ Тебе Го познав Отецот Небесен.
Те благословувам, зашто заради Тебе и Духот Свет во светот дојде. И се поклонувам на Твојата по плот Пречиста Мајка, Која и послужи така на страшната Тајна.
Ги прославувам Твоите ангелски хорови, како славители и служители на величеството Твое. Чест му воздавам на свети Јован Претеча кој Те крсти, Господи.
Ги почитувам и пророците кои Те претскажаа и светите Твои апостоли ги прославувам.
Ги празнувам мачениците и свештениците Твои ги славам.
На преподобните Твои им се поклонувам и ги славословам праведните Твои.
Таков и толку по ликови многучлен собор божествен на молитва јас, слугата Твој, пред Тебе приведувам, сештедар Боже, и прошка молам за гревовите мои, заради сите светии Твои, а уште повеќе заради светите добрини Твои, зашто си благословен вечно.
Амин!
Подготви: Мина Даниловска