ПРАВИЛА И ОДРЕДБИ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ЗА ПОСТОТ – извадок
Светата Православна Црква уште од апостолските времиња, по примерот на Господ Исус Христос, го востановила постот, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот.
Пред се, Православната Црква утврила и пропишала за време на постот да не се јаде: месо, маст, сирење, масло, јајца, млеко, а понекогаш и риба, според важноста на постот.
Во поглед на времето и бројот на постите, светата Црква утврдила да се пости во среда, петок и во четирите годишни пости:
Велигденскиот (Големиот) или Четириесетницата, Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост.
Овие пости се востановени уште од апостолските времиња. Во 69-тото апостолско правило се пропишува следното:
“Ако некој епископ, свештеник или ѓакон, или ипоѓакон, или чтец, или псалт, не пости во светата Четириесетница пред Пасха или во среда или петок, освен ако не е спречен од телесна немоќ, нека биде расчинет, а ако е мирјанин (граѓанско лице) да се отстрани од Црквата”.
Гледаш ли како е тоа строго сфатено и одредено?
Но, светите Отци го толкуваат ова апостолско правило и, за да не мислиме погрешно, ни дале правилно објаснување, па велат вака:
“Од постот исклучи ги најнапред болните, оти ако им се допушта риба и масло, го заслужиле тоа”.
Но никому, дури и на СМРТНИОТ час не му се допушта да јаде месо во среда и во петок, освен на Велигден и во другите денови кога тоа го дозволила Црквата.
Исклучи ја средата и петокот кои поаѓаат поеп месопусната, сиропусната и Воскресната недела. Во тие седмици се разрешува оти седмицата пред месопусната недела ја постат Ерменците поради Ниневитјаните, а сиропусната седмица ја држат во строг пост еретиците – тетрадите.
Православните христијани не смеат да постат кога постат овие еретици и затоа постот во тие денови е разрешен. Воскресната седмица се смета како голем Господов ден и затоа секој ден во таа седмица се читаат воскресни евангелски четива.
Исто така, се исклучуваат од Велигденскиот пост сабота и недела оти во тие денови се разрешува според 66-тото апостолско правило кое гласи:
“Ако некој служител на Црквата се затекне да пости во Господовиот ден (недела) или во сабота (освен во едната единствена Велика сабота), да биде расчинет, а ако е мирјанин, нека се отстрани од Црквата”.
Зошто е ова правило?
Еретиците гностици и маркионитите постеле во недела и тоа на таков начин што не јаделе ништо или пак, јаделе само сува храна и тоа еднаш навечер.
Ова го забранува Православната Црква. Но, пак не се допушта во постите да се јаде во недела и во сабота месо, туку се ублажува со риба и масло.
А кога ќе слушнеш за разрешување во пост, да не мислиш дека е допуштено да се јаде месо во Велигденскиот пост оти тоа не може да му биде допуштено никому, макар да се наоѓа и пред последното воздивнување.
Не зборувајќи за среда и петок, Православната Црква го пропишала, покрај Велигденскиот пост, уште и Божикниот пост, Апостолскиот – Петровденски пост и Успенскиот – Богородичен пост, потоа, денот пред Богојавление, денот на отсекувањето на главата на светиот Јован Крстител и празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден.
Ете, така го толкува и го завршува толкувањето за постот прочуениот канонист на XII век – Валсамон.
………..
Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:
“Никој да не не` обвинува што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме; во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада.
Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.
Никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи кај свештениците и монасите, сами да се разрешуваат од постот, па и мирјаните ги наговараат со зборовите:
“Јади кога јас сум разрешил” или, пак, мирјаните сами без причина да се разрешуваат од пост. Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори:
“Тој што самоволно се разрешува од пост во среда и петок, Го распнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го убијат, а во петок Го распнаа”.
Затоа, ако некој се разреши од пост без причина, тоа не е разрешување, туку распнување на Господа. Разрешување е само она што Црквата го разрешила и кое го советуваат светите Отци. Чувајте се од самоволно разрешување на постот и не слушајте ги оние што ве учат да не постите.
217-тото правило од Номоканонот го изнесува ова правило на цариградскиот патријарх Никифор: “Свештеник, кој преку целата година не пости во среда и петок, не е достоен да се причести”.
Од ова произлегува дека кај таков свештеник не е достојно да се исповедаме, оти исповедта претходи на светата Причест.
Оти ако свештеникот, или монахот, се разрешил сам од пост под изговор на болест или слично, а всушност не е болен, тој се разрешува и од други обврски, па ако некој оди кај него да се исповеда и рече дека не постел, свештеникот ќе му рече дека тоа не е ништо, не е грев, а по ист начин ќе му рече и за блуд; тоа е природа, па нема ни сесрдно да се помоли на Бога за простување на гревот на покагаикот, ниту ќе го посоветува како да не греши, ниту ке му рече што се е грев и противно на Божјиот закон.
И ако е така, за да не отпадне некој од светата Православна вера, да не се држите до ова погрешно правило, туку одете кај свештеник на исповед и причест, а ако тој не е исправен, ќе одговара сам. Да не бидеме ние судии над туѓ слуга.
За оние кои јадат месо и сирење во Велигденскиот пост, во среда и петок, 132-то правило од Номоканонот заповеда:
“Две години да не се причестува, па макар кој и да бил”.
Оној, кој не ги постел Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост, 228-то правило од Номоканонот вели дека во црква не се примаат дури ни нивните деца, ако и тие не постат.
Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички
Издавач: Ставропигијален манастир Гаврил Лесновски, епископ Велички