ЗА НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

По преданието, врз зборовите на свештеноначалникот Дионисиј Ареопагит и Св. Игнатиј Богоносец, Св. Амвросиј Милански во актот “ За девствениците “ пишува за Мајката Божја:

„ Таа не била Девица само со тело, туку и со духот, со смирено срце, внимателна во зборување, благоразбирлива, богомудра, бавна на збор, постојано го читаше Светото Писмо, беше неуморна во трудовите, целомудра во разговорите, зборувајќи со луѓето како да е пред Бога.

Незиното правило било:

„Никого да не навреди, од сите да бара да ги почитуваат постарите, да не завидува на никој, да го одбегнува самофалењето, да биде здравомислена.“

Кога Таа ги навредила родителите и кога била во кавга со роднините?

Кога се погордеала пред некој скромен човек, кога го исмеала послабиот, кога го одбегнала сиромашниот?

Во Незините очи никогаш немало жестина, неконтролирани зборови, ништо непримерно во делата:

скромни движења на телото, тивок настап, гласот хармоничен, телесните очи кај Неа биле одраз на душата, вотелотворност на чистотија.

Сите свои денови Таа ги поминувала во пост. На сонот Му се предавала само колку е потребно, но и тогаш, кога Телото и било смирено, духот ì бил свеж, повторувајќи го во сонот она што го читала, или размислувајќи како да ги претвори во дело поставените цели или, пак, планирајќи нови.

Од домот излегувала само кога требало да појде во Црква и тоа во придружба на сродниците .

Впрочем, иако излегувала од својот дом во друштво, најдобрата стража за Себе била Самата Таа. Другите го чувале само Незиното Тело, а за Својот карактер се грижела Самата….”

По преданието, кое го забележал црковниот историчар Никифор Калист, Богородица била : „со среден раст или, според мислењето на други, нешто повисока од среден раст, бојата на Нејзиното лице била како бојата на пшеничното зрно.

Незината коса била светло костенлива и малку златеста, очите и биле бистри и со боја на зрела маслинка, веѓите благо спуштени и темни, носот малку издолжен, устата во боја на лицето исполнета со слатки зборови, лицето ниту тркалезно, ниту оштро, но некако издолжено, дланките и прстите долги…

Во разговор со другите ја чувала рамнотежата, не се смеела нити се збунувала, а посебно, никогаш не се гневела…секогаш едноставна, без и најмало преправање. Таа во исто време била олицетворение на највозвишена смиреност.

Незините ризи биле едноставни, без украси, како што покажува Незиниот свештен покров на главата кој е до ден-денес сочуван.

Кратко речено, во сè Незино беше присутна голема благодат.“

Во дневникот на Св. Праведник Јован Кронштатски стои запишано дека му се јавила Богородица:

„На ден 15. Август, односно на Успение на Богомајката 1898. година имав чест во сон за прв пат да го видам лицето на Небесната Царица и да го слушнам Нејзиниот мил, блажен глас кој бодри:

Вие најмили чеда на Отецот Небесен!

Тогаш чувствувајќи ја својата недостојност, го гледав Незиниот Лик со трепет и со мисла: дали ќе ме турне гневно Царицата Небесна!

О, Лик Неjзин пресвет и преблаг!

О, очи чисти, добри, смирени, спокојни, величествени, небесни, божествени!

Нема да ве заборавам, очи преубави!

Уште една минута се продолжи тоа појавување, потоа Пресветата тивко исчезна. Прво ја видов како да е на икона, а потоа, потоа како слегува од неа, како станува и си заминува.“

Претходна статијаПреподобен Патапиј – Од православниот календар
Следна статијаБЕСЦЕНЕТИ ДУХОВНИ ПОГЛАВИЈА НА Старец Софрониј