ДЕВЕТМИНАТА? – ОТЕЦ ГАВРИЛ
(Лука 17, 12-19)
Во расказот на денешното евангелие во кое се зборува за десетте лепрозни, кои како заразно болни, биле одделенеи од луѓето и живееле настрана од градот. Кога го виделе Исуса, повикале оддалеку кон него: Исусе, Наставниче, смилувај се”.
Исус Христос најпрво ги упатува кај свештениците, затоа што не’ учи да се почитува редот и устројството во Црквата и светот, а од друга страна затоа што тие се обратиле кон него погрешно.
Тие се обратиле кон него не како кон Бог и Спасител туку како кон наставник. Наставникот неможе да им помогне, туку само Бог.
Меѓутоа, овие десетмина лепрозни ја отсликуваат реалната состојба на човештвото, коешто е паднато во грев, и заради тоа неможе на Христос да му се приближи и погледне во очи.
Овој молитвен повик е основа на кратката молитва т.н “Исусова молитва”.
Која светите отци ја дефинирале како:
“Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот(грешната)!”
само: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!”
Исполнувајки го безусловно зборот Христов, односно, исполнувајки го послушанието, уште пред да дојдат до свештениците тие се исчистиле и излекувале. Што значи дека Бог е Тој Кој ги лекува преку свештениците и нашето послушание. Свештенството ја добива таа моќ само преку благодатта Божја.
Едниот од нив кога видел дека е излекуван, се вратил со трчање назад за да му се заблагодари на Бога, па дошол и му се поклонил, благодарејки му.
Иако тој бил Самарјанин (незнабожец).
“Исус одговори(л) и рече:
“ зар не се излекуваа десетмина, каде се деветмината?
Како не се најдоа да се вратат и другите и да му заблагодарат на бога, туку само овој тугинец?’ И тогаш му рече стани и оди си, верата твоја те спаси.”
Иако деветмината ја имале правата вера, и како такви биле излекувани, а само овој туѓоверец го прославил Бог и само тој го стекнал спасението.
Формалноста не лекува, туку суштината преку личносниот однос кон Бог. Затоа и овој “незнабожец”, се вратил и му заблагодарил како еден повисок степен на личносен однос. За Бога сите се исти. Се зависи од нашиот однос кон Него.
На никој не му е загарантирано спасението само со тоа што ќе се роди како православн христијанин. Тоа што сме се родиле такви е дар, но ако тој дар не го облагородуваме, тогаш како неблагодарни не го заслужуваме и Бог ќе не лиши од него.
Кога ќе му се обратиме искрено од срце, од длабочината на внатрешниот човек, ќе бидеме услишени и како што св. ап. Павле во текстот од денешниот апостол кој вели:
….”откако веќе го соблековте стариот човек со неговите дела, и се облековте во новиот, кој се обновува по познанието, според Образот на својот создател, каде што нема ни елини, ни јудејци, ни обрезани, ни варварин ни скит ни роб ни слободен а се и во се е Христос”.
Тоа е најважното. Близината и познанието на Бог пред Кого се бришат сите граници и предрасуди.
За се треба да му благодариме на Бога и да знаеме дека се доаѓа од Него.
Не треба да се жалиме и стално негодуваме.
Неблагодарните никој не ги сака. Ако имате два сина, едниот кој се нешто се буни и негодува, а другиот почитува и благодари на се, на кого би му го оставиле наследството?
Сигурно на оној кој благодари, затоа и ние да бидеме благодарни на Бога за се и ќе го добиеме неговото наследство, кое ни повеќе, ни помалку, туку е вечното царство на апсолутна љубов, радост и слобода.