„Кога умот ги спасува сетилата на душата од желбите на плотта и ги напојува со бестрастие, страстите бесрамно ја напаѓаат душата и се обидуваат цврсто да ги држат нејзините сетила во грев; но, ако умот постојано тајно повикува кон Бог, тогаш Он, гледајќи го сето ова, ќе ја прати Својата помош и одеднаш ќе ги уништи сите страсти.

Ве молам постојано да го чувате своето срце, сѐ додека сте во тело.

Исто како што земјоделецот не може да биде сигурен за жетвата што расте на полето, зашто не знае што ќе се случи пред да ја прибере во својот амбар, така и човекот треба постојано да го чува своето срце, сѐ до последниот здив.

Сѐ дотогаш тој не може да знае која страст ќе го нападне.

Значи, сѐ додека дише, мора постојано да го чува своето срце, но во секој миг треба да Му се моли на Бог просејќи ги Неговата помош и милост…“

Св. Исаија Отштелник

Претходна статијаДури и кога железни облаци натежнале, радувај се!
Следна статија„…Заробени од словото што убива…!