“ Христос е чудо што го надминува секој ум.
Он е сесовршено откровение на Бог на триипостасната љубов.
Он ни го покажа човекот во неговите безгранични можности.
Во часот што го знае единствено Бог – ние ќе бидеме доведени до невидливата граница што лежи помеѓу времето и вечноста. На овој духовен раб ние ќе мораме конечно да се определиме за предстојната вечност, или со Христа, во подобие Нему, или во оддалеченост од Него.
По овој одлучувачки избор, и подобието и разидувањето ќе попримат вонвремен карактер. Подготвувајќи се за овој настан, што е за секој од нас бесконечно важен, ние, не еднаш ќе се двоумиме во нашето секојдневие:
Да се исполни заповедта? …или да се постапи според нашата страст?
Постепено, во нашиот севкупен животен подвиг, ќе ни се открива тајната на Христос, доколку од љубов кон Него, Неговата реч, ќе ја направиме наш единствен закон…
Тогаш , Светоста на смирениот Бог – Христос, како оган, ќе ја претопи нашата природа, претворајќи ја во целост, во љубовен залет.
Исполнети со гнасење кон самите себеси и злото што се гнезди во нас, ќе посакаме да Му се вподобиме Нему и на Неговото смирение, и оваа желба ќе биде налик на смртна жед.
Во самото тежнеење кон светоста, ќе се најде веќе самиот почеток на светост. Љубовта кон Господ која се умножува, природно ќе не’ спои со Него во длабоките движења на срцето и прозренијата на умот. “
– Старец Софрониј