Свети Филитеј Зарвактос

Мнозинството архиереи и свештеници повеќе се грижат за нивните скапоцени олтари, одежди и блескави раса, отколку за нивните дела. He велам дека архиерејот или свештеникот треба да изгледа гнасен, нечист, парталав – далеку од тоа.

Тој треба да приличи на свештеник, служител и пратеник на небесниот Цар, и уште не само да има наметка и да се фали co тоа, но да биде богоугоден и да блеска co своите дела.

Стремете се достојно кон повикот за кој сте повикани. He огледувајте се на мнозинството, туку на оние што се избрани и достојни.

He одете по широкиот и просторен пат, но одете по тесниот и трновит, низ кој малкумина одат и кој води во живот. На овој начин ќе My угодите на Бога и на ангелите и ќе биде полезно за вас, но и за браќата христијани, исто така…

Ho, мојата душа во последните мигови од мојот живот е тажна и страда, гледајќи на жалната состојба на Црквата и нејзините пастири, кои, co некои исклучоци се помрачуваат и тоа е причина, во името на нашиот небесен Отец, да изгледаат безбожни кај незнабошците.

Верувам и се надевам дека втемелителот на Црквата и Царот на мирот ќе ги здроби како грнчарски садови, додека Неговата Црква, која ја освети преку пречистата крв, ќе ја сочува од опасност на потоп.

Додека мирно си заминувам, бидете мудри и претпазливи од сегашната лоша и расипана генерација. Обидете се да најдете добродетелен и прониклив (остроумен) духовен отец, и следете ги неговите совети.

Молете се и барајте од Бога да ве просветлува, за да не ве прелажат. He лутајте лево – десно, но движете се во средина од патеката, по правиот и царски пат.

Одете по патот на мудроста и разумноста, по патот на вистинската Православна вера, чистата христијанска љубов и надеж, (се’) додека пристигнете до мирната и безбедна порта од рајот и вечниот живот, но секогаш имајќи го за водач нашиот најсладок Исус Христос, Избавителот и Спасителот на нашите души…

Се’ што премудрите апостоли и богомудри отци на нашата света Православна Црква ни оставиле во наследство, многу од денешните наследници сакаат да го поништат и да го исфрлат од Црквата.

Сепак, не можат да го сторат тоа, не можат да успеат, бидејќи Господ ќе ги растури како глинени садови.

И малкумина што се избрани ќе ги растресе, и само неколкумина од малкуте ќе останат неразнишани.

Да се присилиме за да останеме верни и неразнишани за се’ што примивме од светите апостоли, свети отци и учители на Црквата… правете и пишувајте колку што сакате, но денешната генерација има „очи кои не гледаат, и уши кои не слушаат…” (Ерем. 5, 21; види Езек. 12, 2; Пс. 134, 16-17, Мк. 8, 18)…

Пренесено од списанието “Православен пат”, двоброј 38-39, 2015

Претходна статијаМногупати co ист лек една личност се исцелува, а друга се разболува…
Следна статијаМОЛИТВА ЗА ПОЧИНАТИТЕ ЧЕДА!