Денес навистина злото го надмина гревот на сите времиња, и секој духовен отец co страв Божји и совест е во тешка ситуација кога треба да примени икономија кон грешниците кои се исповедаат.

Во денешната генерација духовниот отец мора да примени икономија, бидејќи ако е строг, во никој од исповеданите, ни најмалку нема да најде достојни за Причест

Најголемото внимание и проникливост за духовниот отец е да моли непрестајно од небесниот Бог и Отец да го просветлува како да практикува икономија. Според божествениот Григориј, тој треба да „дава икономија, но да не греши”.

A ако згреши, подобро е да не исповеда, за да не чуе од луѓето кои ќе речат: „Лекару, излечи се себеси” (Лк. 4, 23)…

Жалната состојба на луѓето денес се должи на недостигот на доблесен, мудар, разумен, богобојазлив, побожен и искусен духовен отец од една страна, и од постоењето на духовни отци кои немаат страв Божји и секоја друга добродетел од друга страна; и кои се неуки, неискусни, и во некои ситуации безбожни, неверни и нечесни.

Ништо да не очекуваме освен милост од секогаш добриот Бог за да испрати способни и избрани луѓе во неговото мистично лозје или да испрати меч за да ја исчисти земјата од нечистотија…

Духовниот отец треба да биде мудар, прониклив, искусен и разумен. Треба да Го поседува Светиот Дух за да ги чува и исцелува душите на грешниците. Над се’, треба да има љубов и грижа за оние кои се исповедаат.

Таквите духовни отци, макар што се ретки денес, сепак постојат. Кој бара да најде таков духовен отец, ќе најде.

Што е ова денес, Божји гнев или Негово напуштање, не знам…?

Проповедта е добра и потребна, но добродетелни духовни отци се повеќе потребни.

Духовниот отец е оној кој ќе не’ измие од калта на гревот и ќе ги исчисти нашите рани, кој ќе ни даде лек за заштита, исцеление и здравје на душата, и кој ќе не’ помири и соедини co Бога…

Ако не сакаме да грешиме, да се потсетуваме на смртта и да мислиме на Бог Кој е co нас. Духовниот отец не само што треба да биде чист и ослободен од грев, туку треба да го поседува дарот на прозорливост, бидејќи духовното знаење се разликува од медицинското, како што се разликува душата од телото…

Многу луѓе не само што не прифаќаат совети, туку се бесни, лути и непријателски се расположени кон докторот. Поради овие причини денешните луѓе, покрај другите гревови, се горделиви, и како такви, ниту сакаат да примат совети, ниту се поправаат, a ниту се покајуваат.

Учителот кој е свештеник и духовен отец, треба да пронајде лек и погоден начин да ги поправи. He треба да молчи, ниту да осудува остро и грубо, бидејќи строгоста може да доведе до горделивост и безбожност, и ако строго ги критикува, целосно ќе ги изгуби.

Учителот мора да стане мудар и прониклив, а бидејќи никој не е мудар на овој свет, тој мора co засилена молитва кон Бога, Дарителот на вистинската мудрост, да му даде мудрост и разумност, како Соломон, за да управува co душите.

Многупати co ист лек една личност се исцелува, а друга се разболува – учителот и свештеникот мора да поседуваат дар на расудување. Меѓутоа добар, благ, кроток и понизен начин придонесува уште повеќе.

He сум способен, возљубени чеда, да ви ја опишам радоста што ја доживеав кога го прочитав писмото, дека сте биле послушни на мојот родителски совет и дека засилено сте се молеле кон Господ за оние кои покажале непријателство кон вас, и дека сте започнале да чувствувате ревност на искрена љубов и кон оние кои ве љубат и кон оние кои ве мразат.

Ова се, чеда мои, плодовите на послушанието и љубовта. Оној кој поседува послушание, вели големиот и мудар учител преподобниот Ефрем, Го подражава Христос, Кој My бил послушен на небесниот Отец се’ до смртта; и тоа смрт на Крст.

И оној кој има безрезервна љубов кон Бога и кон сите луѓе, секогаш останува co Бога и Бог е co него…

Настојувајте да најдете добродетелен, богоносен духовен отец; кај кого ќе се исповедате, бидејќи исповедта мора да биде насамо (очи во очи), а не co пишување.

Co пишување може само во крајна нужда, кога некој не може да најде духовен отец. Затоа бидете внимателни, чеда мои, да не грешите како што грешат луѓето, дали од небрежност и немарност или пак co демонско влијание, и веднаш исповедајте се без одложување.

Исто како што кога физички ќе заболите веднаш брзате на доктор, така е и co душевното заболување, односно кога грешите, бидејќи гревот е заболување на душата – брзајте да се исповедате.

Лечењето започнува co вистинска и искрена исповед. Co покајанието се’ се простува и човекот се приближува кон Бога и се осветува. Покајте се, и Бог, Кој е милосрден, ќе ве прими co отворена прегратка…

He запирајте да барате совет од светите духовни отци и браќа… На тој начин целосно ќе се заштитите од подмолните стапици на непријателот и ќе станете добри Христови војници и вистински слуги, и самите ќе бидете корисни, за самите на себеси, за вашиот народ, за Црквата и за татковината.

Превод од англиски: Александар Божиноски

Пренесено од списанието “Православен пат”, двоброј 38-39, 2015

Претходна статијаБРАК И СЕМЕЈСТВО! (Старец Јосиф Ватопедски)
Следна статијаСтремете се достојно кон повикот за кој сте повикани…!