БРАК И СЕМЕЈСТВО
Старец Јосиф Ватопедски
Оваа тајна е голема, а јас ви зборувам за Христос и за Црквата” (Еф. 5, 32).
Co овие зборови апостол Павле прави паралела помеѓу брачниот однос маж – жена^ co односот Христос – Црква. Како што Господ, како глава, се соединил co Црквата и така претставуваат едно тело, така и во бракот: законското соединување на двете страни (мажот и жената) претставува едно тело.
Bo нашиот општествен живот ние одлучуваме што ќе одбереме откако добро ќе провериме и испитаме, за да не направиме грешка. Исто така, во однос на најсериозната и непоколеблива тајна на бракот потребно е соодветно внимание.
И двајцата треба да веруваат во вредноста на татковството и на мајчинството, поради што и постоиме. Дали ние денес би постоеле доколку нашите родители биле незаинтересирани за раѓање деца?
Средството за соединување на многумина во едно е љубовта. Таа, како тајна, е речиси неискажлива. „Бог е љубов” (Јн. 4, . Бог ја нема љубовта како обичен карактеристичен белег, туку Самиот Тој е љубов, која „не го бара своето, „не мисли на зло”, се поврзува и за се’ промислува, и никогаш не ослабнува и не исчезнува.
Најголемата последица на нашиот пад е себичноста, а неа само љубовта може да ја скрши и да ја претвори во несебичност. Никој нека не ја бара својата лична полза; туку ползата на другиот” (1. Kop. 8, 24).
Неодржливи се изговорите за посебноста на карактерите или за условите и влијанието на околината, ниту за наследноста. Воплотувањето на нашиот Господ ја преобрази целата наша изопаченост и ни даде власт да “газиме на змии и скорпии и на сета непријателска сила” (Лк. 10,19).
„Се’ можам преку Христос, Кој не’ крепи” (Фил. 4, 13).
Природата на жената е плод и производ на љубов (создадена е од реброто на Адам, кое било блиску до неговото срце). Затоа, жената не е хармонизирана доколку е лишена од љубов.
Самата таа извира љубов преку мајчинството. Праведно е што таа бара да биде љубена, штом и самата љуби според својата природа и позиција.
Историјата и фактите сведочат дека доколку сопружниците сакаат да ja постигнат меѓусебната хармонија, треба постојано помеѓу нив да има љубов. Само во законитото сопружништво може да се изрази вистинската љубов, затоа што „двајцата се едно тело”.
Ниту еден друг израз на нежност и на симпатија не може да се спореди co зборовите:
„двајцата ќе бидат едно тело” А тоа се остварува во законитото сопружништво, од кое произлегува создавањето на човечкиот живот.
Женскиот пол, како послаб, понежен дел, има потреба од практично надополнување од страна на љубовта на мажот. Тоа е причинита поради која љубомората преовладува кај жената. Најдобриот начин за скротување на љубомората е вистинската и на дело покажана љубов на сопругот кон неговата жена.
Потребно е големо внимание за одржување на сопружничката врска. Еден вид на реална утеха и поткрепа, што нашите старци го советуваа во тешките моменти, е следново:
„Никогаш не ja заборавајте првата седмица од вашиот брак!”
Вие сте истите какви што сте биле и тогаш. Ништо не ве разделува!
Ако во бракот жената ја смета својата посветеност кон мажот како ропство, тогаш ќе сака да се ослободи и да се покаже дека е над него.
А доколку мажот ја смета љубовта на жената кон него како нејзина слабост, тогаш ќе го злоупотребува тоа.
Пренесено од списанието “Православен пат” двоброј 38-39, 2015