Дома Православно семејство За пост и причестување на бремени жени и доилки !

За пост и причестување на бремени жени и доилки !

0
1440

Причестување на бремени жени и доилки

Постот кај бремените жени и доилките треба да биде ублажен или во специфични случаи, целосно да бидат ослободени од постење.

Раслабеноста на телото поради бременоста или породувањето се смета за замена на посниот подвиг, па затоа овие жени може и треба да се причестуваат со ублажен пост (на пример, да не јадат месо или јајца, а да конзумираат млечни производи) или и без постење.

Но никој не може да ги ослободи од молитвениот подвиг и од исповедта. Тие се задолжителни за секого, па и за нив.

Постои современа наука за пренатално воспитување на децата, односно воспитување на децата уште додека се во утробата на мајката, па така, и причестувањето на бремената мајка е всушност благословување на бебето во нејзината утроба и е најзначаен дел од пренаталното воспитување.

Истото важи и за доилките.

Овде треба да напоменеме дека телесните односи во текот на бременоста не се дозволени, туку треба да се помине тој благословен период во воздржување и на телото и на умот на мајката.

Затоа и оваа состојба се нарекува блажена состојба.

Пренесено од брошурата “Како да се подготвуваме за Светата Причест”