„Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото.

Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум.

Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа.

Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста!

Благодатта Божја можеме да ја добиеме само со молитва.

Ако продолжиме да седиме непокајани и да опстојуваме во нашата мрзливост и небрежност, без да се молиме, можеме да ја изгубиме наклонетоста кон покајание.

Господ да чува од тоа да ја изгубиме желбата за покајание!

Устата и срцето кои во секое искушение Му благодарат на Бог, ги добиваат Неговиот благослов и благодат.

Оној што ја избегнува празната слава на овој свет, во својата душа ја чувствува славата на идниот век.

Во животот на христијанинот нема место за самооправдувањето, него никаде го нема во Христовото учење.

Старец Јустин Парву

Претходна статијаМОЛИТВА ЗА ДОБЛЕСТИ и ЗА ИЗБАВУВАЊЕ ОД СТРАСТИТЕ! (Св. Нифонт)
Следна статијаДа прибегнеме кон Богородица ние кои сме во мака…!