Енциклопедија на православниот духовен живот – Свети Игнатиј Брјанчанинов

ПОНИЖУВАЊА

На прашањето на преподобен Авва Доротеј:

„ Што да правам: Се плашам од срамот – понижение“, Сверти Јован Пророк одговорил:

„Ако не се трпат пониженија тоа е дело на неверување.

Брате! Исус стана човек и претрпе понижение: зарем ти си поголем од Исуса?

Тоа е неверување и демонска прелест“.

Понижувањата и другите неволји исто така го покажуваат притаениот грев во длабочината на душата.

Тагата предизвикана од тоа се нарекува искушение, бидејќи ја открива скриената состојба на срцето.

Природно е во човекот, кој сеуште се наоѓа под власт на гревот, таа да го разоткрива гревот кој живее во длабочината на душата , а се појавува преку огорченост на срцето, тага, помисли на негодување, самооправдување, осветољубивост и омраза.

Појавата на тие страсти во душата, особено притисокот на помислите и фантазиите, служи како сигурен показател на дејствување на паднатиот горд дух.

Не треба да тагуваш заради оние кои за тебе кажале некои неповолни зборови.

Тоа е од незнаење и по дозвола на Божјата промисла, според која очигледно тебе ти е потребно смирение и исчистување по пат на понижување од страна на луѓето.

Биди во љубов и во мир со сите, па и со оние кои те навредиле бидејќи без тоа нема духовно напредување. Вознесувај му слвословие на Бог за се што ке се случи и препушти се на волјата Божја.

Пиј ги потсмевите секој миг, како жива вода – вели Свети Јован Лествичник; а кој ке отфрли оправдан или неоправдам прекор, тој го отврлил сопственото спасение.

Што да очекуваме ние грешните кои заслужуваме секаква казна, кога и безгрешниот Господ пострадал?

Он рекол: „ Каде што сум јас, таму ќе биде и мојот слуга. “

Ако сме слуги Христови, тогаш заедно со Него треба и да пострадаме, за заедно со Него и да се прославиме.

Господ е не крстот и ние треба да се распнеме;

Господ Го понижуваат и Го плукаат – и ние треба да го очекуваме истото и да се подготвуваме мирно да го поднесеме секое понижување.

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаБрате, кој си ти, за да му судиш на туѓ слуга?
Следна статијаНемој да го задушуваш спасоносниот глас на својата совест!