Од претпазливостите што треба да ги има подвижникот, свети Макариј препорачува повеќе од се’ – да не се задржуваме само на надворешната исправност.
Од надворешна страна, подвижништвото има задача да не’ навикне на сите подвизи и на сите добродетели, но не само затоа да се задржиме на нив, туку тие да ни послужат за развивање на духовниот живот и за придобивање на силата на Светиот Дух.
Но некои се задржуваат само на надворешноста, стигнуваат до исправно однесување, а на своето срце не му обраќаат никакво внимание и не ја бараат благодатта на Светиот Дух. Свети Макариј ни советува да се пазиме од ова повеќе од се’.
162. Многумина, кои строго внимаваат за она што е надворешно, кои се занимават co наука и се грижат за правилен живот, мислат дека човекот е совршен, a не навлегуваат во неговото срце, не ги забележуваат таму пороците, кои владеат над душата.
Меѓутоа, таму е коренот на пороците, внатрешната порочност на мислите; разбојникот се крие во самиот дом и затоа треба да се бориме против демонските мисли во себе си.
И ако некој не се бори co гревот што е во нас, тогаш внатрешниот порок, кој се развива постепено, па co своето засилување го води човекот во јавни гревови – доведува до извршување на гревовите; затоа што злото е како истекот на изворот, низ кој секогаш истечува она што извира.
Затоа настојувај да го задржуваш течењето на порокот, за да не паднеш во илјада зла.
163. Светот страда од болеста порок, а не го знае тоа.
Постои нечист оган, кој го распалува срцето, стигнува до сите делови и ги поттикнува луѓето да прават илјада лоши дела. И тие внатрешно се раздразнуваат и насладуваат co блудни помисли, вршат блуд внатре во своето срце, а кога тоа зло на тој начин ќе си најде храна за себе си, луѓето што го имаат во себе – паѓаат и во јавен блуд.
Истото станува и co среброљубието и co словољубието и co гордоста и co пакоста и co раздразнетоста. Тоа е исто како кога е некој повикан на гозба и пред него се ставени многу јадења, така гревот ти нуди да вкусиш од cе’ што е предложено и тогаш душата која се насладува, се оптоварува.
164. Можеби некој ќе рече:
“Јас постам, живеам испоснички, го раздадов мојот имот, па според тоа – јас сум свет. Но, воздржувањето од она што е лошо уште не значи совршенство.
Треба да навлеземе во умот, во длабочината на помислите и да ја отепаме тамошната змија, кoja се прикрива под самиот ум, кoja ce вгнездува во нас и не’ умртвува во најскришните места на нашата душа.
Нашето срце е како бездна и затоа ние треба да се трудиме да ја исчистиме и исфрлиме од него секоја нечистотија. Сите оние што ги сакаат: мудроста, Законот, апостолите и Христовото доаѓање, имаат една единствена цел: очистувањето.
Секој човек, и Јудеецот и Елинот, ја сакаат чистотата, но не можат сами да направат да бидат чисти. Затоа треба да знаеме како, на кој начин и co какви средства може да се дојде до чистотијата на срцето.
Ова не може да се постигне, освен co Распнатиот на крстот. Он е патот, вистината, животот, вратата, скапоцениот бисер, животот и небесниот леб. Без оваа вистина – никој не може да ја познае вистината и да се спаси.
Затоа, како што во размислувањето за надворешниот човек и за видливите работи, ти си се откажал од се’ и целиот твој имот си им го раздал на сиромаси, тогаш, ако имаш знаење и сила на зборовите, треба и светската мудрост да ја отфрлиш од себе си и се’ да сметаш за ништо.
Само тогаш ќе можеш да се поучуваш co безумната проповед, која е вистинската мудрост, која не се состои во убавината на зборовите, туку во силата, која дејствува co светиот крст.
165. Најглавното оружје за борецот и подвижникот е: да влезе во своето срце и да почне борба co сатаната, да се намрази себе си, да се откаже од својата душа, да се гневи на неа, да ја прекорува, да им се противставува на своите навики, да се препира co своите помисли – да се бори co себе си.
166. А, ако видливо го пазиш своето тело од валкање и од блуд, ако внатрешно се распалуваш и правиш блуд во своите мисли ти си пред Бога блудник и нема да ти користи твоето девствено тело.
Како што младич, кој co итрина измами некоја девојка и и’ ја одземе невиноста, таа ќе му биде одвратна на својот младоженец, така и твојата бесплодна душа, која стапува во општење co змијата, која живее внатре во неа, co лукавиот демон, прави блуд пред Бога.
А напишано е: “Секој што ќе погледне на жена co желба, тој веќе извршил прељуба co неа во срцето свое” (Матеј 5,28).
Зашто има блуд што се врши телесно, а има и блуд на душата – кога таа стапува во однос co caтаната. Таа иста душа бива содружничка и сестра или на демоните или – на Бога и на ангелите; кога прељубодејствува co ѓаволот таа му станува одвратна за Небесниот Младоженец.
167. He еднаш сме говореле во приказна за земјоделецот, кој, откако се потрудил и го фрли семето в земја, треба да го чека дождот одозгора. А, ако не се појави облак и не дувне ветар, трудот на земјоделецот нема да му донесе никаква корист и семето негово ќе остане во земјата.
Да го примениме ова кон духовното. Ако човекот се ограничи само на своите сопствени сили, а не ги примите и силите од Бога, тој не може да принесе плодови достојни за Господа.
A во што се состои работата на самиот човек?
Во ова: да се откаже од светот и да се оддалечи од него, да живее во молитвата, во бдение и во љубов co Бога и co своите ближни. Да биде во сето тоа – тоа е негова лична работа.
Но, ако се ограничи само на својата лична работа и не сака да прими и нешто друго, не се надева на тоа, тогаш ветровите на Светиот Дух нема да дувнат во неговата душа, нема да се појави над неа облак на небото, нема да падне роса од небото за да ја ороси таа душа.
Таквиот човек не може да роди плодови достојни за Господа.
Пренесено од книгата “Добротољубие” Том II (Поглавје “Свети Макариј Велики”)
Подготви Мина Даниловска