Од бројот на оние што се надворешно исправни свети Макариј ги издвојува особено оние, кои се занимаваат co книги и разговори, кои научиле и слушнале за сето ова и сметаат дека го знаат и дека им е јасно, па затоа и говорат за него и го толкуваат, но тие и не почнуваат да живеат според она што го знаат.
Поради тоа тие во своето духовно знаење заостануват и зад оние најпростите, па затоа и нивното толкување не е исправно.
168. Оној што говори за духовните работи, а тој самиот не ги доживеал, сличен е на човек, кој, co настанувањето на дневната жештина, оди низ пустина, па, измачувајќи се од жед, опишува буен вруток, од кој истекува вода, замислува дека пие, а и устата и јазикот му се исушени од неизгасната жед или на човек, кој говори за сладоста на медот, а тој самиот никогаш не вкусил мед и не ja знае неговата вистинска сладост.
Па затоа, кога станува збор за совршенството, за радоста или за бестрастието, оние што не ги доживеале и почувствувале во себе си вистински, што не се увериле лично во нивното постоење, кога говорат за сето тоа – она што го говорат не e ce’ онака како што го опишуваат тие.
Зашто, тие луѓе, кога по извесно време ќе се удостојат да ги доживеат тие работи лично,тогаш тие размислуваат во себе си и велат:
“He e така, како јас што претпоставував. Јас поинаку размислувам, a тоа било сосема различно, поинаку дејствува Светиот Дух”.
169. Едно нешто е да разликуваме за лебот и за трпезата, a сосем друго нешто е – да јадеме леб или да употребуваме друга храна.
Едно е – да позборуваме за сладоста на некој пијалок, a сосема друго нешто е да наточиме од тој пијалок и да го пиеме.
Едно нешто e – да размислуваме за војна и за храбри борци и за страшни борби и војни, а сосем друго нешто е да бидеме во војнички редови и да навлеземе во крвава борба co непријателите, да напредуваме и да отстапуваме, да нанесуваме и да примаме удари, да победуваме и да бидеме победени.
Така е и во духовните работи:
поинаку е само co научно знаење и co разум да го објаснуваме она што го кажале другите, а сосема друго нешто е – да имаме навистина и суштинско сокровниште во нашиот внатрешен ум, да имаме благодат и да го чувствуваме вкусот и дејството на Светиот Дух.
Оние што изговараат само зборови, тие само замислуваат дека знаат нешто и се гордеат co својот ум.
170. Како што во светот, кога се објавува војна, великодостојниците и учените луѓе не се пријавуваат, туку плашејќи се да не бидат убиени, остануваат во своите домови, а во војна одат сиромасите и непознатите и се случува тие да ги победат непријателите и да ги протераат од својата земја, та потоа за тоа тие биваат наградувани и одликувани, па добиваат почести и високи служби, така што великодостојниците и богатите, кои не учествувале во војната, остануваат зад нив.
Истото бива и во духовниот живот.
Простите, штом ги слушнат првпат зборовите, веднаш искрено ги извршуваат Божјите заповеди и затоа добиваат од Бога голема благодат, а оние што се прават многу паметни и учени, се трудат да ги објаснат зборовите што ги слушнале до нивната длабочина, но не сакаат да се борат и да го победуваат гревот и ѓаволот, па затоа остануваат изоставени и надминувани од оние што учествувале во борбите и што победиле.
Пренесено од книгата “Добротољубие” Том II (Поглавје “Свети Макариј Велики”)