Познато е од светоотечкото предание дека во обожувачката енергија Божја учествуваат оние што се наоѓаат во состојба на боговидение, затоа што откровението Божјо за неочистените луѓе е пекол и осуда.
Така и при Христовото преображение се јавуваат Мојсеј и Илија, не само затоа што се претставници на Законот и на Пророците од Стариот завет, туку затоа што и двајцата беа Боговидци за време на својот живот.
Ha Синајската Гора, Мојсеј ја виде славата на воплотениот Логос, Кој му го лредаде Законот, т.е. Стариот завет. Но и пред тоа ro виде другото запрепастувачко созерцание што укажуваше на воплотувањето на Логосот, т.е. видението на капината која гореше, но не согоруваше.
Другпат, во еден тежок момент од животот, Мојсеј побара од Бога да му се открие и објави Себеси. И кога Бог му објави дека ќе му се открие, му рече да застане на една карпа и кога помина го сокри во пукнатината на кароата, за да не го види лицето Негово, туку позадината (2 Мојс. 33, 12 – 23).
И ова откровение укажува на вочовечувањето на Синот и Логосот Божји.
Ho и пророкот Илија се удостои да Го види воплотениот Логос, во вид на тивок ветар. Откровението Божјо не се случи co видот на воздухот, на потресот и на огнот, туку co тивкиот глас на тивкото ветре. „И no огнот здив од тих ветар, и таму е Господ.
” Кога го слушна пророкот Илија гласот на тивкиот ветар, го покри своето лице co
кожувот и откако излезе од пештерата, застана пред неа (З Цар. 19,12 -13).
И ова боговидение имаше врска co вочовечувањето на Логосот Божји, затоа што co Своето вочовечување Бог ги покажа Својата љубов и човекољубие.
Меѓутоа, постои огромна разлика помеѓу боговидението што го имаа двајцата пророци за време на својот живот и боговидението што ro имаа на гората Тавор.
Тогаш беше созерцание на воплотениот Логос, затоа и се скрија во карпата и во пештерата, додека сега Го гледаат воллотениот Логос. Тогаш Синај гореше до небото, а имаше мрак и бура, и голем глаc, што го изразуваат Стариот завет, додека на Тавор се’ беше светло и блескаво, се’ блескаше од непристапната светлина на Божеството.
Тоа е доказ дека таа светлина беше повозвишена од Старозаветниот закон.
Блажени Теофилакт многу јасно ги прикажува причините поради кои се јавија боговидците од Стариот завет. Прво, за да се докаже дека Христос е Господ на Законот и на Пророците.
Второ, за да се објави дека Он владее над живите и мртвите, бидејќи Мојсеј беше законодавец и умре, a Илија беше пророк и уште живееше, затоа што беше грабнат co кочија на небото.
Трето, за да се објави дека Христос не само што не беше спротивставен co Законот, но не беше противбожен, зашто, инаку, овие големи боговидци не би разговарале co Heгo.
Четврто, за да го разреши сомнението на некои дека Он e Илија, кого го чекаат или можеби некој друг пророк.
И петто, за да ги научи Своите ученици да ги подражаваат овие големи луѓе, т.е. да бидат кротки, како Мојсеј и ревносни, непоколебливи и да се подложат и на опасности кога ќе биде потребно за вистината, како што тоа го стори пророкот Илија.
Старозаветните пророци Мојсеј и Илија стоеја co побожност и co почит до Христа. Пророците на гората Тавор Го гледаа воплотениот Логос Божји и во созерцанието познаа дека Он е Единородниот Син Божји, Кој го имаше карактерот на личноста на Отецот, т.е. славата на Бога Отецот. Поради таа причина, тие стоеја и свештенодолично, и како слуги.
Според свети Никодим Агиорит, Мојсеј во Стариот завет стоеше како архиереј помеѓу Ор и Арон, за да победи израилскиот народ, а Илија како архиереј Божји ги умртви свештениците на Ваал и ја направи жртвата сепаленица.
Значи, тие двајца архијереи Божји стојат сега на Тавор како свештеници и слуги, имајќи Го во средина Големиот архиереј Христа, Кој се подготвува за големата жртва.
Тоа „светенодолично” и „како слуги” потсетува и на големата разлика што постоеше и што постои помеѓу Христа и пророците. Христос го твори обожувањето, како што вели свети Максим Исповедник, бидејќи е Син Божји по природа и ги обожува луѓето, додека пророците се пасивни во обожувањето, т.е. стануваат богови no благодат и пo учество.
Co други зборови, Христос е самосветлечко сонце, а тие се ѕвезди кои примаат светлина од друго место (од сонцето).
Треба да забележиме и еден друг детал, што покажува нешто подлабоко и посуштинско. Евангелистот Лука наведува дека „кога се чу тој глас (на Отецот), Исус беше останал Сам” (Лк. 9, 36).
Значи, co слушањето на гласот исчезнаа двајцата пророци од Стариот завет и Христос остана Сам. Според блажени Теофилакт, тоа се случи за да не помисли некој дека тој глас беше за Мојсеј и за Илија, туку дека тој беше само за Христа.
He требаше да се случи никакво мешање помеѓу овие личности.
Христос е центарот на небесното и на земното.
Пренесено од книгата “Господовите празници” (Поглавје 7 “Преображение Христово”)