Ho да видиме кои и какви луѓе се занимаваат co овие богоборни феномени.

Постојат неколку типа на бајачи:

А. Демонизирани, т.е. под директно демонско влијание: Луѓе кои свесно или несвесно работат под силно дејство или опседнатост на нечистите сили-демони и co нивна помош прават неверојатни чуда, предвидуваат настани, го дознаваат минатото, откриваат скриени нешта и често се мешаат во животите на луѓето и co тоа им нанесуваат штети co неизмерни и непоправливи последици.

Многу често таквите медиуми губат контрола над себе, го менуваат гласот па и изгледот, во таква состојба кажуваат откровенија за кои подоцна не се сеќаваат.

Некои од нив прават многу чуда, летаат во воздух, лечат разни болести, ce’ co цел да ги заведат луѓето и да ги натераат да им поверуваат. Самите тие за себе велат дека „ги мачат светци”, особено света Петка, магично поврзувајќи ја оваа светителка co денот Петок и co постот во истиот ден.

Но, света Петка, не само што никогаш и никого не мачела, туку и самата пострадала маченички, а овие сироти луѓе, ги мачи ѓаволот, а не „светците”, како што самите тие се залажуваат.

Б. Душевно болни:

Најчесто болни од шизофренија и како што е познато, кога не пијат лекарства, добиваат „откровенија”, слушаат гласови, им зборуваат светители итн. Често зборуваат неповрзано, co нејасни и бесмислени симболики, се однесуваат чудно и за жал, луѓето верски непросветлени, кои стојат далеку од Христос и Неговата Света Црква, ваквите појави ги сметаат како знаци дека некој е светител и избраник Божји.

Многу често се случува самите овие бајачи да ги навредуваат луѓето, а тие трпат се’, затоа што мислат дека тоа заслужено им го кажува некој Божји човек.

В. Перверзни и манијаци:

Тоа се најчесто мажи co сексуални настраности, кои, зад маската на побожноста, си ги прикриваат своите перверзии. Некои од нив се промовираат себеси дека исцелуваат бездетност, па многу бездетни парови, сакајќи по секоја цена да добијат дете, одат кај таквите „исцелители”, а овие, имаат веќе разработена тактика: им велат дека само жената мора да преспие во „манастирот” на „божја постела”.

И кога ќе остане жената таму, кај бајачот, ја чека сексуална злоупотреба. Некои бајачи имаат и свои помошници, па кога ќе остане жена во манастирот, бајачот ја убедува дека овие луѓе се од Господ пратени за да добие од нив дете, и таа, милум или силум, ќе падне во грев co нив.

Некои промискуитетни жени, склони кон прељуба, молчат за овие настани и знаат често да одат кај тие бајачи на „терапија”. Додека, пак, другиот тип на жени, кои никогаш не би го изневериле својот маж, кога ќе си заминат дома, од страв да не бидат оставени од своите мажи, нема ништо да проговорат за она што им се случило и така овие манијаци остануваат недопрени, неоткриени и неказнети.

Другиот тип се бајачи-хомосексуалци, кои ги заведуваат младите мажи и деца кои им доаѓаат на баење, некогаш дури и co пари ги поткупуваат, само за да легнат co нив.

Тие најчесто имаат презирачки и понижувачки однос кон жените, ги нарекуваат „нечисти”, им се закануваат co казна од Господ, само затоа што тие имале благословени, брачни телесни односи, во кои нема ништо нечисто.

Г.

Измамници, профитери, манипуланти: многу честа категорија на бајачи, кои заработуваат на маката и болестите човечки. Тие секогаш имаат свои соработници co кои го делат „пленот”. Таквите соработници се мешаат помеѓу луѓето кои дошле на баење и божем си ги раскажуваат маките co другите дојдени страдалници, тие всушност собираат информации, кој од каде е, како се вика, зошто е дојден и многу други информации.

И потоа сето тоа му го пренесуваат на бајачот. И тој потоа излегува и пред цел народ извикува: тој и тој човек, од тоа село/ град, кој има таква болест/мака – нека влезе!

И веднаш човекот кога ќе си го чуе името и сите тие податоци се вчудовидува од видовитоста на бајачот и се утврдува во верата во него и во баењето. А и останатите присутни се восхитуваат на таквото „чудо”, како бајачот ги погодил сите тие нешта и самите тие уште повеќе почнуваат да му веруваат на бајачот, а не се свесни во каков измамнички круг влегуваат.

И веднаш штом бајачот ќе насети дека луѓето му веруваат, почнува да добива „откровенија” и да им кажува колку јагниња да му подарат „за здравје” и колку пари да даруваат, често пати нарачуваат неколку литри зејтин, шеќер, брашно, сол, кафе – „за да се фатело баењето”, a сето тоа подоцна тој ќе го подели co своите соработници и помошници.

Овие се многу опасни бајачи, затоа што од маката човечка собираат многу пари и со тоа ги купуваат луѓето кои имаат високи позиции и добиваат заштита од нив (често пати дури и министри, директори, адвокати, судии, полицајци) и надлежните свештеници и епископи не можат никако да ги протераат од црковните имоти, кои овие богоборци насилно ги имаат преземено и осквернето.

Често пати, свештениците кои им се противат добиваат и страшни закани од страна на нивните следбеници, а тоа е всушност и најголем доказ дека тие луѓе се богоборци и немаат ништо заедничко co Христос нашиот Бог и Спасител и co Неговата Света Православна Црква.

Но, исто така треба да кажеме дека и оние кои одат кај бајачи и гатачи не смеат да се нарекуваат православни христијани, не смеат да се причестуваат во црква, се’ додека не се вразумат и покајат.

Преземено од  “ПРОТИВ БОГОБОРНОТО И ЦРКВОБОРНО БАЕЊЕ, ГАТАЊЕ,  ЈАСНОВИДСТВО” на Повардарската епархија, 2012 година