„Ќе биде глад“ – Рече пророкот оплакувајќи го Ерусалим, но не глад за леб и вода, туку глад за зборот Божји (Ам. 8; 11).

Гладот е состојба на лишување, а воедно и желба за најнеопходната храна.

Меѓутоа, постои и глад кој е пострашен и помачен од секој глад, а тоа се случува кога човекот е лишен од она што е неопхоно за спасение, не ја разбира својата несреќа и нема желба за спасение.

Гладниот човек кој не наоѓа храна пребарува сè, долж и попреку, за да најде леб.

Па се радува и кога би нашол и мувлосано тесто, или кога некој ќе му понуди погача од просо или трици, или било каква друга полоша храна.

Така и човекот кој е духовно гладен, кој е лишен од духовната храна, а има желба за неа, пребарува сe`, долж и попреку во потрага за оној кој има дарба за учење од Бога; ако го најде, со радост го прима духовниот леб, односно спасителниот збор.

Ваквиот збор не може да не го најде оној кој упорно го бара:

Секој кој бара ќе добие, и кој трага ќе најде, и кој чука ќе му се отвори вели Господ (Лк. 11. 10)…“

Свети Григориј Палама