„Ќе биде глад“ – Рече пророкот оплакувајќи го Ерусалим, но не глад за леб и вода, туку глад за зборот Божји (Ам. 8; 11).

Гладот е состојба на лишување, а воедно и желба за најнеопходната храна.

Меѓутоа, постои и глад кој е пострашен и помачен од секој глад, а тоа се случува кога човекот е лишен од она што е неопхоно за спасение, не ја разбира својата несреќа и нема желба за спасение.

Гладниот човек кој не наоѓа храна пребарува сè, долж и попреку, за да најде леб.

Па се радува и кога би нашол и мувлосано тесто, или кога некој ќе му понуди погача од просо или трици, или било каква друга полоша храна.

Така и човекот кој е духовно гладен, кој е лишен од духовната храна, а има желба за неа, пребарува сe`, долж и попреку во потрага за оној кој има дарба за учење од Бога; ако го најде, со радост го прима духовниот леб, односно спасителниот збор.

Ваквиот збор не може да не го најде оној кој упорно го бара:

Секој кој бара ќе добие, и кој трага ќе најде, и кој чука ќе му се отвори вели Господ (Лк. 11. 10)…“

Свети Григориј Палама

 

Претходна статијаПОУКА ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ (Колку почесто толку подобро!)
Следна статијаСе принудува себеси на молитва…(Свети Јован Кронштатски)