Прашање:

1. Во нашето секојдневие, и по нашата слабост, за се имаме време,само за Бога не. Многу пати, во едно семејство, еден член е воцрковен, но не и останатите.

Дали е во ред, доколку не сме во можност или не постојат услови во домот молитвеното правило (утреното и вечерното) да го извршиме онака како што не поучуваат светите отци и духовниците, и како доликува пред Бога, да го кажуваме (да се молиме) додека работиме некоја работа, припремаме јадење, се возиме во автобус и сл.?

2. Дали може да го објасните земањето благослов и целивањето рака на свештеникот? Кога, зошто и како?

Луѓето, понекогаш дури некои и што одат во црква, имаат отпор кон “бацување рака на попот”, само поради не знаење за благодатта од благословот.

ОДГОВОР на свештеникот:

Да навистина е така, се` некако Бог ни е во втор план.

Не е, но навистина би било добро доколку во секое семејство би имало барем по еден воцрковен, тој би бил голема надеж за останатите во семејството.

Но за жал процентот на воцрковени сеуште е многу, многу мал. Станува збор за некои 2-3 % од православните христијани.

1. Да, во ред е. Св. Апостол Павле вели, Молете се непрестајно!  (Сол. 5,17).

Тоа значи било каде и било што и да правиме да се трудиме да ја кажуваме непрестајната Исусова молитва,

„Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј ме мене грешниот (грешната).“

А св. Јован Златоуст вели:

„Браќа, почнувајќи од утрото, преку целиот ден, а ако е возможно продолжете и во текот на ноќта  Господи Исусе Христе, помилуј ме, и присилувајте го вашиот ум на ова дело постојано, до самата смрт! “

2. Земањето благослов од свештеник или владика е всушност земање благослов од самиот Господ Бог. Бидејќи, оној што бара благослов вели:

– Благослови оче, а свештеникот возвраќа со:

– Господ да благослови!

Значи самиот Господ преку свештеникот, заради благодатта на свештенството што ја носи го благословува оној што бара благослов.

Кај нас и во многу православни земји благослов земаме со целивање на раката на свештеникот или владиката, во Романија на пример оној што бара благослов се поклонува, а свештеникот ја прекрстува главата негова, можеби некаде постои и друг начин на благословување, незнам, но претежно е со целивање на раката на свештеникот.

Еве еден пример за светиот старец Јосиф Исихаст. Тој имаше голема почит кон свештениците.

На епископите им ги целиваше и рацете и нозете.

И на отец Ефрем му ја целиваше раката.

Претходна статија„ Ме љубиш ли?”
Следна статијаОНОЈ ШТО НИСКО ОДИ НЕ Е ВО ОПАСНОСТ ДА ПАДНЕ!