Дома Свети Отци Сеќавање на Свети Серафим Саровски

Сеќавање на Свети Серафим Саровски

0
692

Сеќавањата на свештеникот од село Дивеево отец  Василиј

Отец Серафим лично ми ги заповеда следните правила:

1. Да служам во споредниот олтар во името на Рождество Христово и Рождество на Божјата Мајка, задолжително на сите дванаесет празници и неделни денови; понекогаш, пак, во сабота и во останатите денови, како ќе одлучам или по желба на некои добротвори или во случај смрт на некоја од дивеевските сестри, за покој на душата.

2. Bo неделните денови, пред Литургијата, задолжително да кажувам молитва на Пресвета Богородица и канон, co пеење: „за тоа” – рече тој „да не ве снајдат никакви несреќи, а ако престанете да го исполнувате ова, несреќа по несреќа ќе ве снаоѓа”.

3. Секојдневно да им читам „Псалтир” во црквата на дванаесетте дивеевски сестри, менувајќи се на секои два часа и да читам задолжително наглас „затоа што”, велеше тој, „речено е:

ќе го радува мојот слух, радост и веселба” и додаде: „самите ангели се радуваат слушајќи го читањето на „Псалтирот” и тоа читање на Псалтирот да го чинам во текот на целата година, освен на Пасха.

4. Да ги причестувам дивеевските сестри задолжително во сите свети пости; а некои, по желба и на сите дванаесет празници.

5. Ha певниците да им пеам и да им читам на сестрите.

6. Да ја чувам ризницата и да го пазам сиот црковен имот, а и клисарската должност да им ja додадам на црковничките, односно на избрани побожни cecтри.

7. Пред иконата на Спасителот постојано, без да се гаснат, да горат свеќа и кандило; a пред иконата на Божјата Мајка кандило.

Пренесено од книгата “Преподобен Серафим Саровски во сеќавањата на современиците”