Мал подарок – голема љубов
Старецот и јас бевме во посета на еден женски манастир и бидејќи таму монахињите многу ни угодуваа, а кога си заминувавме, немавме ништо да им подариме во знак на благодарност за нивната гостољубивост, кришум извадив една бонбона од џебот и на разделбата, ја дадов на игуменијата.
По некое време, Старецот ми рече:
„Знаеш колку многу направи co тоа што им го даде тоа? He можеш ни да замислиш”.
Останав без зборови, а во себе помислив:
„Ако Старецот се’ гледа, тогаш што гледа Бог?” И се прекрстив.
+++
Да те засака Бог:
Еднаш, на еден брат Старецот му рекол:
„Треба да му кажеш на Бога да те засака за и ти да го засакаш Hero”.
Јас го прифатив тоа така како што ми го кажа Старецот, дури му го раскажав тоа и на Панагопули и на уште еден брат, а тие ми рекоа:
„Ho, Бог го сака секој човек, затоа дојде во светот. Што се случува тука?”
Ho, како јас што разбрав, Старецот тоа го рече во оваа смисла:
Бог ги сака сите луѓе, и добрите и лошите. Но, има и една посебна љубов кон луѓето. Тоа е татковска љубов. И ние можеме да кажеме дека ги сакаме сите, но, во суштина, во стварноста, не ги сакаме.
Но, што е сега ова, како сега јас го протолкував ова?
Еве. Ние, често кон некои луѓе сме рамнодушни или тие се рамнодуиини кон нас, a потоа, за да се придвижи нивното интересирање за нас, треба да им ја покажеме својата љубов, па така полека и тие да бидат поттикнати да не’ засакаат нас кои им ја укажуваме љубовта.
Мислам дека тоа мислеше Старецот, Бог да не’ засака, и во таа смисла, чувствувајќи ја љубовта Божја, и ние да бидеме поттикнати да возвратиме на Неговата љубов.
Старец Порфириј