За молитвата

Духовни средби во молитвата

Времето од десет до десет и петнаесет, секоја вечер, Старецот го одреди како време за заедничка средба на сите негови духовни деца.

Имено, секоја вечер, точно во тоа време сите треба умно да се молиме co молитвата „Господе Исусе Христе помилуј ме.”

Ни велеше дека ако се молиме сите заедно, некои на Крит, некои на Пелопонез, некои во Солун, а некои расеани пo различни делови на Грција или светот, co здружена молитва, правиме пojac co кој ги опашуваме сите останати луѓе кои не се молат.

Ајде, сите ние, духовни деца на Старецот, по неговото само физичко заминување, да го одржиме тоа убаво духовно ветување кое ни го остави, додека беше co нас.

Така ќе се радува секогаш следејќи не’ од небесата, па ќе ни даде секаква духовна и друга помош кога сме во неволја, зашто има голема слобода да се обрати пред Бога.

+++

Помилуј ме

Кога ја изговарав молитвата „Господе Исусе Христе помилуј нас”, ми велеше: не „нас” туку

„Господе Исусе Христе помилуј ме”, зашто сите ние сме едно, сестрински души, co Христос како глава.

+ + +

Еден ден, рече Старецот на сестра С.:

„Чедо мое, кога се молиш, изговарај Господе Исусе Христе помилуј ме”.

„Јас оттогаш”, вели сестрата, „ја кажував молитвата така како што ми рече Старецот, но некогаш ја дополнував вака:

„Господе Исусе Христе, co застапништво на светителот тој и тој, помилуј ме”.

Кога наредниот пат отидов кај Старецот, ништо не му реков за својата молитва. Но, тој ми рече:

„Е! Чедо мое, знаеш, добро е тоа што го направи co молитвата”.

„Co која молитва, Старче?” Прашала сестрата.

„Еве! Добро е што во кратката молитва за која ти кажав повикуваш и посредување на светител”.

„Знаеше како се молам во себе”, заврши сестра С.

+++

Ограничување на умната молитва:

Еден брат се молел многу и чисто. Но, ми се пожали дека Старецот еднаш му рекол да престане да се моли co умна молитва и да се моли според типикот од црковните книги. My дозволил умно да се моли само десет минути дневно.

Седум или осум години подоцна, кога го возел co автомобил од Калисија во Атина, Старецот на патот забележа како се качува некоја жена, па му рече да застане.

Старецот почна разговор co неа и ја распрашуваше за нејзиниот татко кој се замонашил, прашал како му е и како се снашол.

Откако го завршил разговорот co неа, му рекол на братот:

„Знаеш, на нејзиниот татко, кој е монах, ѓаволот, поради претераната молитва му донесол премногу сладост и се поигрувал co неговите сетила.

Се сеќаваш кога пред неколку години ти реков да престанеш да се молиш co умносрдечна молитва? Тоа го направив зашто и тебе можеше да ти се случи истото”.

Откако му го рече тоа Старецот, братот почувствува голема благодарност и никогаш повеќе на ништо не ми се пожали.

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет”

 

Претходна статијаТреба да се молиш и дење и ноќе!
Следна статија„Мал подарок – голема љубов”