Животни завети
Еден ден светителот отиде во храмот на Пресвета Богородица кој се наоѓаше во занаетчискиот крај на градот. Таму му пријде некое момче кое се истакнуваше во доблеста и кое неуморно ги посетуваше црковните служби. Момчето се викаше Неофит и беше син на еден познат благородник.
– Оче – го запраша, – што да правам за да стекнам спасение?
Старецот co љубов го погледна и му рече:
– Како ти, чисто дете, бараш совет од еден старец кој изгнил во гревот?
– Писмото вели, оче:
„Прашај го татка си – и тој ќе ти каже, старците свои – и тие ќе ти речат. – Затоа барам да слушнам и јас некој добар збор од тебе. Немој да ja презреш мојата недостојност.
Снисходливо, преподобниот го запраша:
– Кажи ми најпрво што мислиш:. Сакаш ли да станеш монах или да живееш богоугодно во светот?
– Сега мислам да живеам во светот оче, а потоа како ќе даде Бог…
– Ако сакаш да живееш меѓу луѓето, треба ова да го сочуваш: никого да не осудуваш, да не исмеваш, да не огорчуваш. He гневи се. Никогаш не помислувај дека имаш некоја доблест.
Внимавај да не речеш: „Тој и тој живее добро, оној живее блудно”, – бидејќи на тоа се однесуваат зборовите: He cудетe, за да не бидете судени. –
Се’ гледај co исти очи, иста мисла, просто срце. Сите луѓе примај ги како Христа. He треба да ги отвараш своите уши за човек кој осудува, а камоли да се радуваш на оној што ти зборува. Ти својата уста држи ја затворена. Малку зборувај и многу моли се. Ho ни оној кој осудува или кој прави каков било грев не осудувај го co помисла.
Сопствените гревови да ги гледаш и само себеси да се осудуваш и да се понижуваш. Ете, така ќе стекнеш Царство Небесно.
– Сето тоа што го кажа, оче, е за подвижниците што достигнале совршенство -забележа момчето co тага. – Кога јас, бедниот, ќе достигнам таква мера, та да My угодам на Бога?
– He очајувај, дете мое – го утеши светителот.
Од младоста Бог не бара ништо освен смирение и чистота. Тоа е доволно. Така и ти, co чистота да се бориш и за смирение. Биди мил и кроток co секој човек, благ, мирен и милостив. Себеси сметај се за полош од сите и поставувај се под сите. Така вистински ќе бидеш поблиску до Бога.
Труди се да не си замислиш дека си ja достигнал доблеста на овој или оној светител, туку непрестајно зборувај си:
„Знаеш ли душо Moja, дека и демоните ги надминавме co гревовите и дека не направивме ни најмало добро дело? Тешко нам несреќните! Како ќе се оправдаме во денот на Судот?”
Тука преподобниот отец накратко застана, па продолжи:
– И молитва, дете мое, треба да имаш како да си најголем грешник. Бидејќи ние многу грешиме кога мислиме дека молитвата ни е чиста и света. Дури и кога некој прави чудо, треба да се смета себеси недостоен за оправдание, бидејќи кога се моли, тој секако греши co внатрешните чувства, co движењата на срцето и неумесните помисли. Устата му зборува на Бога, а умот оди на друга страна.
Ете зошто секогаш треба да се сметаш за грешен и co смирение да му зборуваш на Бога: Од оние тајни очисти ме, и од туѓите запази го слугата Tвоj…
Ho внимавај, чедо мое, и на ова: никогаш немој да бидеш задоволен co своите добри дела и не сметај на нив, бидејќи не знаеш дали се тие угодни на Бога или не. Затоа подобро да се потпреш на силата и милоста Божја, сметајќи се себеси за прашина. Ах!
Колку гревови правиме, а и не ги знаеме! Укорувај се себеси, дури и кога ќе видиш дека некој друг греши! А ако некој те пцуе, те осудува и те исмева, не само што не треба да му вратиш, туку и самиот дополнително исмеј се и осуди се! Еве, сето ова ако го примениш, си достигнал совршенство!
– Оче, – запраша Неофит – како може човекот да го победува секое искушение од лукавиот?
– Co сите искушенија треба да се соочуваш co молчание и смирение. Колку е голема доблеста на молчанието! Сите дела на смирениот угодни My ce на Бога и прекрасни за Неговите ангели, а ужасни и страшни за демоните.
Стани многу смирен и Светиот Дух ќе се насели во тебе и ќе ја умртви секоја животна грижа. Памет во главата, дете мое, бидејќи се плашам дека грижите твои се она што ти пречи најмногу во извршувањето на Божјите дела и те наведува на непотребни работи.
Што ќе ни користат тие во денот на Судот? Ништо!
Зар Господ ни го дал овој живот да го поминеме во суетни грижи? He, ce разбира. Затоа предај се сиот на Бога. Погрижи се самиот за својата душа, a Toj ќе се погрижи за Tвоитe телесни потреби. А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?
Замисли дека сме ги собрале во своите ризници сите блага на овој свет. Што добивме? Смртта ќе дојде одненадеж и без милост ќе ни ја побара душата, и што тогаш? Сите тие богатства ние ќе ги оставиме овде и ќе заминеме да се населиме во гробот!
А единствено што ни го обезбедиле тие богатства е вечното мачење! Ова ти го вели, дете мое, Бог co устата на еден грешник. Отсечи ги отсега па натаму многуте грижи и живеј како што сака Toj.
Тие совети оставија длабок впечаток на младиот Неофит и му донесоа скрушеност на неговото срце. Тој падна пред нозете на старецот и направи метанија, благодарејќи за се’ што го научи. Но и светителот смирено падна пред нозете на момчето и co љубов го поздрави.
Оттогаш Неофит поминуваше доста време co светителот. Често одеше и во неговата ќелија, ненаситно впивајќи ја неговата божествена поука, слатка како мед. Така беше одгледан. Тој израсна и стана Божји човек.
И толку свето живееше, што кога дојде смртниот час, мирно ја предаде својата душа во рацете на Оној на Кого My служеше од детството.
Пренесено од книгата “Свети Нифонт, подвижник меѓу епископите”