Чувај се од вообразеноста, која може да ти претстави дека Го гледаш Господа Исуса Христа, дека Го допираш.
Тоа е празна игра на гордото вообразение! Тоа е погубна самоизмама!
Исполнувај ги Господовите заповеди и на чуден начин ќе Го видиш Господа во себе, во своите својства. Така и свети апостол Павле Го видел во себе Господа.
Такво гледање тој барал и од христијаните, а оние, кои ова го немале, тој ги нарекувал недораснати за да го носат името христијани.
Ако ти живееш грешен живот, ако им угодуваш на страстите, а во исто време мислиш дека Го љубиш Господа, тогаш Неговиот возљубен ученик, кој за време на Тајната Вечера ја навалил главата на Неговите гради, ќе те прекори за сопствената самоизмама:
„Кој вели: Го познав, а заповедите Негови не ги пази, лажец е и вистината не е во него; а кој го пази словото Негово, во него е Божјата љубов навистина совршена“ (1. Јов. 2: 4-5).
Ако ти ја исполнуваш својата грешна волја, и со тоа ги нарушуваш евангелските заповеди, тогаш Господ Исус Христос ќе те вброи кон оние, кои не Го љубат.
„Кој не Ме љуби, говори Он, не го запазува словото Мое“ (Јован 14: 24)….
Каква ќе биде вашата состојба и несреќните фантазии, кога вообразувате дека земниот живот сте го поминале во Божјите прегратки, и кога ќе ве поразат Христовите зборови:
„Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене, вие што правите незаконски дела!“ (Матеј 7: 23).
Свети Игнатиј Брјанчанинов