Најбогато наследство што родителите можат да им го остават на своите деца е среќното детство co нежни спомени на таткото и на мајката.

Тоа ќе им ги осветли идните денови, ќе ги чува од искушенија и ќе им помогне во суровото секојдневие на животот кога ќе го напуштат родителскиот кров.

„Вашиот дом нека биде како вистинска градина

која детските гласови ја исполнуваат co радост,

а детството е преполно co среќа.”

О, Бог нека и’ помогне на секоја мајка да ја сфати големината и славата на трудот што и’ претстои кога на своите гради го држи детето што треба да го однегува и воспита.

Што се однесува до децата – должност на родителите е да ги подготват за животот, за сите искушенија што Бог ќе им ги испрати. Со стравопочит примете го своето свето бреме.

Најцврсти врски се врските co кои срцето на човекот е врзано за вистинскиот дом. Во вистинскиот дом дури и малото дете има свој глас. А појавата на новороденче влијае на целото семејно уредување.

Домот, колку и да е скромен и мал, за секој член од семејството треба да биде најубаво место на светот. Тој мора да биде исполнет co таква љубов и со таква среќа, што без разлика на тоа во кои краишта подоцна човекот ќе замине, колку години и да поминат, неговото срце секогаш подеднакво ќе тежнее кон родниот дом. Во сите искушенија и несреќи родниот дом е засолниште на душата.

Ha земјата нема постапка која повеќе му одговаpa на маж, од онаа, кога тој во напонот на силата, како мало дете, co љубов се поклонува пред своите родители, укажувајќи им чест и почитување.

Ние знаеме дека кога Бог одбива да ја исполни нашата молба, тоа значи дека за нас би било лошо ако таа се исполни. Кога не не’ води по оној пат што ние сме го замислиле, кога не’ казнува или не’ исправува, Он го прави тоа co љубов. Ние знаеме дека Он прави се’ заради наше добро.

Душата ја пишува својата историја на телото.

Додека се живи родителите, детето секогаш останува дете и мора на родителите да им возвраќа co љубов и co почитување. Љубовта на децата кон родителите се изразува co потполната доверба во нив.

На вистинската мајка и’ е важно се’ што го интересира нејзиното дете. Таа, исто така, co задоволство слуша за неговите доживувања, радости, разочарувања, достигнувања и фантазии како што другите луѓе слушаат некоја романтична приказна.

Децата мора да се учат на самоодрекување. Тие нема да можат да имаат се’ што ќе посакаат. Мора да се научат да се одрекуваат од сопствените желби заради другите луѓе.

Исто така, мора да се научат да бидат грижливи. Безгрижноста секогаш причинува штета и нанесува болка, не намерно, туку несакајќи. За да се покаже грижа и не е потребно толку многу: збор на охрабрување кога некој има непријатности, малку нежност кога некој е тажен, помагање во вистинско време некому кога е уморен.

Децата треба да се учат да им бидат од корист на родителите и едни на други. Тие можат да го сторат ова, не барајќи премногу внимание, не причинувајќи им грижи и вознемирувања на другите заради себе. Штом малку ќе пораснат, децата мора да се научат да се снаоѓаат без помош од другите, за да станат силни и независни.

Родителите понекогаш грешат премногу грижејќи се или давајќи постојано глупави совети, но синовите и ќерките мора да се согласат дека во основа на целата оваа прекумерна загриженост е длабоката грижа за нив.

Благородниот живот, како и силниот, чесен, сериозен и богоугоден карактер се најголема награда на родителите за напорните години на љубов полни co самопожртвување.

Децата нека живеат така што родителите во староста да може да се гордеат co нив. Децата нека ги исполнуваат co нежност и умилност годините на нивното гаснење.

Помеѓу браќата и сестрите треба да постои цврсто и нежно пријателство. Во нашите срца и во животот треба да чуваме и негуваме се’ што е убаво и свето: за да бидат длабоки, искрени и срдечни, пријателските односи во нашиот дом, треба родителите да ги формираат, помагајќи им на душите да се зближат”

Ha светот нема почисто, побогато и поплодотворно пријателство од пријателството во семејството, само ако се насочи неговиот развој. Братот кон својата сестра треба да биде повнимателен отколку кон било која друга млада жена на светот, а младата жена, додека е немажена, треба брата си да го смета за најблизок човек на светот. Тие на овој свет да се чуваат еден co друг од опасностите и лажните и погибелни патишта.

Над секој од нас секогаш лебди невидлив ангел-чувар.

– Оче, што е животот?

– Битка, дете мое, во која и најпрецизниот борец може да промаши. И највнимателниот може да се измами. Во која и срцето на јунакот може да затрепери, а непријателот напаѓа и дење и ноќе. Оваа битка владее во целиот свет и во неа мора да се остане до кpaj.

Ha секој млад човек животот му е особено тежок. Кога стапува во живот потребна му е поддршка од сите што го сакаат. Потребни му се молитви и помош од сите негови пријатели.

Поради недостаток на поддршка и љубов, многу млади луѓе губат во животните битки, а оние што излегуваат победници, често за таа победа треба да и’ заблагодарат на љубовта од верните срца, која во нив влеала надеж и храброст во моментите на борба. Невозможно е да се одреди цената на вистинското пријателство на овој свет.

Добрата сестра може врз својот брат да има толку силно влијание, што ќе го води како рака Господова по праведниот животен пат.

Сестри, во својот дом, на сопствен пример, покажете им ja на браќата сета возвишена убавина на вистинската и благородна женственост. Стремејќи се кон нежен, чист, свет и божествен идеал на жена, бидете  воплотување на доблести и направете ја доблеста толку привлечна, што порокот во нив да предизвикува само одвратност.

Тие во вас нека видат огромна душевна чистота, огромна благородност на духот, огромна Божествена светост и вашата светлина нека ги чува како штит или како ангел кој лета над нивните глави во вечен благослов, каде и да појдат.

Секоја жена, co Божја помош, нека тежнее кон совршенство. Кога вашиот брат ќе падне во искушение, пред неговите очи ќе се појави слика на таква љубов и чистота, што тој co одвратност ќе се сврти од заводничката.

Жената за него е или предмет на почитување или предмет на презир, што зависи од тоа што тој гледа во душата на својата сестра. Заради тоа, сестрата треба да се труди да ги стекне љубовта и почитувањето на братот.

Таа ќе направи најголема штета ако му сугерира мисла дека сите жени се сурови и лекомислени, дека чезнеат само за задоволства, и дека сакаат сите да им се восхитуваат. А браќата за возврат треба да ги чуваат сестрите.

He сме свесни до крајот колкава е нашата сила,

дека секој ден правиме добри или лоши дела,

дека лошиот збор уништил некого,

а добриот не го спасил.

Зборовите се тивки,

постапките се ситни,

веднаш им ги препуштаме на заборавот, за нас тие не се важни, но слабите co нив ги уништуваме.

Односот кон жените – еве најдобар начин да се провери благородноста на мажот. Тој кон секоја жена треба да се однесува co почит, без разлика на тоа дали е богата или сиромашна, дали има висока или ниска општествена положба, и треба да и’ ги покажува сите знаци на почит.

Братот мора да си ja штити сестра си од секакво зло и несакано влијание. Тој заради неа треба да се однесува беспрекорно, да биде великодушен, вистинољубив и несебичен и да Го сака Бога.

Секој што има сестра треба да ја чува и да ја сака. Власта што таа ја има е власт на вистинска женственост, кoja плени co чистотата на душата и нејзината сила е во благоста.

Чистотата на мислите и чистотата на душата е она што навистина облагородува.

Без чистота е невозможно да се замисли вистинска женственост. Дури и во овој свет потонат во гревови и пороци може да се зачува оваа света чистота.

„Видов крин како плива во црна каллива вода. Се’ наоколу беше иструлено, a кринот остана чист како ангелска одежда. Во темната бара се разбранува водата, кринот се заниша, но на него не се појави ниту една дамка.”

И во нашиот неморален свет младата жена може да ја зачува неизвалкана својата душа, блескајќи co света несебична љубов. Срцето на младиот човек треба да ликува ако има убава благородна сестра, која има доверба во него и го смета за свој заштитник, советник и другар.

A сестрата треба да се радува ако братот станал силен маж, кој е  способен да ja заштити од животните бури.

Помеѓу братот и сестрата треба да владее длабоко, силно и блиско пријателство и тие мора да имаат доверба еден во друг. Меѓу нив и мориња и континенти нека се испречат – нивната љубов секогаш треба да остане верна и силна. Животот е премногу краток за да го трошиме на борба и кавги, особено во светиот круг на семејството.

Тешката работа, потешкотиите и грижите, самопожртвувањето, па дури и тагата ја губат својата острина, мрачност и суровост, кога се омекнати co нежна љубов, исто како што студените и голи карпи стануваат преубави кога дивите лози ќе ги обвиткаат co своите зелени венци, a нежните цветови ги исполнуваат сите вдлабнатини и пукнатини.

Нека е и само еден збор,

но кажан co љубов

и молитва прошепотена на Господа.

Ангелскиот хор ќе ликува, а твојата душа засекогаш ќе остане co Небото.

 

Слушнав тивок и нежен збор,

како воздишка на летното попладне, толку длабоко ми зарасна в срце,

и засекогаш остана во него.

И понатаму нека се слуша, се’ до последниот миг,

и co чукањето и ударите на моето срце, нека не биде заглушена.

 

Bo таквиот дом може да се воспитува само убавина и добрина на карактерот. Една од несреќите на нашето време е тоа што тивките семејни вечери се поттиснати co работа, забави и излегувања.

Bo секој дом има искушенија, но во вистинскиот дом владее мир кој не можат да го нарушат земните олуи. Домот е место на топлина и нежност. За домот треба да се зборува co љубов.

Секоја убава мисла што ќе му падне на памет на детето, подоцна го зацврстува и го облагородува неговиот карактер. Нашите тела, и покрај нашите желби стареат, но зошто душите да не ни останат засекогаш млади?

Злосторство е ако се загушува детската радост и се принудуваат децата да бидат мрачни и да се прават важни. Многу бргу врз нивните грбови ќе се натоварат животните проблеми.

Многу бргу животот ќе им донесе и грижи и неволји и тешкотии и бреме на одговорност. Затоа, колку што е можно подолго нека останат млади и безгрижни. Нивното детство, колку што е можно повеќе треба да се исполни co радост, co светлина и co весели игри.

Родителите не треба да се срамат да си играат и да прават палавштини заедно co децата. Можеби токму тогаш се поблиску до Бог, отколку, како што тие мислат, кога извршуваат некоја важна работа.

Никогаш не се забораваат песните од детството. Сеќавањата на нив лежат под товарот на годините полни co грижи, како што во зима лежат нежните цветови под снегот.

Bo животот на секое семејство, порано или подоцна, доаѓа горчливо искуство – искуство на страдање. Годините можат да поминат во незаматена среќа, но сигурно ќе има и тага.

Потокот, кој долго тече како весело поточе осветлено од силната сончева светлина низ зимските ливади помеѓу цвеќињата, продира во мрачна клисура или вратоломно се спушта во вид на водопад.

Bo манастирската тишина, осамена, таму каде што ангелите-чувари

кружат, оддалечена од искушенијата и од гревовите,

живее онаа која ja сметаат за мртва.

Сите мислат дека одамна

е во Божествената небесна сфера,

а таа живее во манастирот,

покорна на својата разбудена вера.

 

Никој не знае каква света тајна се одигрува во новороденчето на кое му е судено да проживее само миг на земјата. Тоа не го проживува залудно. За овој краток миг, тоа може да стори повеќе, може да остави подлабока трага од некои други што живеат co години. Многу деца, умирајќи, ги доведуваат своите родители пред светите Христови нозе.

Постои несреќа што ранува повеќе од смртта. Ho, Божјата љубов може секое искушение да го претвори во благослов.

Светлината е ѕвезда подалеку од облаците,

по олуја блескаат сончеви зраци,

за Бог нема несакани суштества,

на Секое Свое создание Он му подготвува добро.

 

И така тече животот во вистинскиот дом, понекогаш осветлен од силна сончева светлина, понекогаш во темнина. Но, дали во светлина или во мрак – тој секогаш не’ учи да му се обраќаме на Небото како на Голем Дом во кој ќе се остварат сите наши надежи, каде што повторно се  оединуваат врските раскинати на земјата.

За се’ што имаме и за се’ што работиме, потребен ни е Божји благослов.

Никој освен Бог нема да не’ поддржи во голема несреќа. Животот е толку кршлив, што секоја разделба може да биде засекогаш. Никогаш не може да бидеме сигурни дека ќе имаме уште прилики да замолиме за прошка заради лошите зборови и дека ќе ни биде простено.

Нашата взаемна љубов може да биде искрена и длабока во добрите денови, но никогаш не е толку силна како во деновите на страдања и таги, кога се покажуваат сите богатства, кои дотогаш биле скриени.

Пренесено од книгата “Света тајна брак” (Поуки на Православната црква за бракот и семејството)

Претходна статијаБЛИЖНИОТ („He барам ме љубат ли мене, барам, ги љубам ли јас другите?”)
Следна статијаЧУДЕСНИТЕ МОЛИТВЕНИ ИСЦЕЛЕНИЈА НА СТАРЕЦ ТИХОН