БЛИЖНИОТ

• Твојот ум, поучен од Евангелието, ќе се смири пред секој ближен, кога во него ќе Го види Христа. Сите кои во Христа се крстија, во Христа се облекоа.

Co било што и како и да се оскверниле себеси – ризата Христова, се’ до Неговиот суд, е на нив. Треба себеси да се сметаш за најлош од сите луѓе: тоа бара свето смирение.

Апостолот не туку-така рекол за себе дека е прв меѓу грешниците – тој бил убеден во тоа. И ние треба да се убедиме себеси: овде ни претстои работа и труд.

• Прекрасно рекол Георги Затвореник:

„He барам ме љубат ли мене, барам, ги љубам ли јас другите?” И Светите Отци не заповедуваат исполнување на заповедите да бараме од  ближниот, бидејќи тоа само го нарушува мирот.

• He тагувај што некои од твоите соработници се ладни кон тебе.

Светителот Тихон од сопствено искуство напишал дека познатите и ближните на човекот се оддалечуваат од него кога тој ќе Му се посвети на Бог, и колку повеќе тој се приближува до Бог, толку повеќе тие ќе се оддалечуваат.

• Ha љубовта кон ближниот – претходи и ја следи смирението пред него. Ha омразата кон ближниот – претходи неговото осудување,  омаловажување, клеветење, презир кон него, co други зборови – гордоста. Светите монаси постојано се сеќавале на Христовите зборови:

„Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле” (Мат. 25, 40).

Тие не се впуштале во разгледување дали ближниот заслужува почит или не; не обрнувале внимание на многуте и очигледни негови недостатоци; нивното внимание било насочено кон тоа, случајно да не им залута свеста за тоа дека ближниот е образ Божји и дека нашите постапки кон ближниот Христос ги прима како да се сторени кон Hero.

Гордиот и паднат ангел го мрази ваквото сфаќање и ги употребува сите средства тајно да му го грабне на христијанинот. Ова сфаќање е туѓо на телесното и душевното мудрување на паднатата човечка природа, и потребно е посебно внимание за да се задржи во сеќавањето.

Потребен е значаен душевен подвиг, потребна е Божествената благодат за тоа сфаќање да биде усвоено во срце повредено co грев и за човек постојано да го има на ум кога е во контакт co браќата. Кога, пo милоста Божја, ќе го усвоиме таквото сфаќање, тоа станува извор на најчиста љубов кон ближниот, љубов еднаква кон сите.

Причина на таквата љубов е една – Христос, Кој се почитува и се љуби во секој ближен. Ова сфаќање станува извор на најслаткото умиление и на најтопла, собрана и сконцентрирана молитва. Преподобниот авва Доротеј му зборувал на својот ученик, преподобниот Доситеј, кого од време на време го совладувал гневот:

„Доситеј! Ти си гневен и не се срамиш што му се гневиш и го навредуваш својот брат? He знаеш ли дека тој е Христос и дека ти Го навредуваш Христос?”

Преподобниот Аполос на своите ученици често им зборувал за примањето на туѓите браќа кои му доаѓале – дека треба да им се укажува почитување co земен поклон: поклонувајќи им се, ние не им се поклонуаме ним, туку на Бог.

„Го виде ли твојот брат? Го виде твојот Господ.

Тоа – велел тој – го примивме од Авраама (1. Мој. 18), а тоа дека браќата треба да ги успокоиме (да ги прифатиме, да им укажеме гостопримство), гo научивме од Лот, кој ги наговорил Ангелите да преноќат во неговиот дом” (1. Moj. 19)…

Св. Игнатиј Брјанчанинов

Претходна статијаКАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ СО СЛАБОСТИТЕ НА БЛИЖНИОТ? (Свети Игнатиј Брјанчанинов )
Следна статијаДОМОТ Е МЕСТО НА ТОПЛИНА И НЕЖНОСТ!