Ha благ, ненасилен, начин да Го ставиме Христос во умот, кажувајќи ја молитвата.

Умствената молитва ја има само оној кој ја привлекол Божјата благодат. He треба да се има мислата „ќе ја научам, ќе успеам, ќе ја постигнам”, затоа што така може да се доведеме до егоизам и гордост.

Потребни се искуство и копнеж, но и разумност, внимание и трезвеност, за да биде молитвата чиста и богоугодна. Една помисла дека „сум напреднал”, расипува се’.

Зошто да се гордееме? Ние немаме ништо наше. Овие прашања се деликатни.

Молете се без да си оформувате слики во умот. He фантазирајте за Христос. Отците нагласувале дека молитвата треба да биде без слики. Co сликата постои опасност од лизгање, затоа што е многу веројатно на сликата да и’ се вметне друга слика. Постои веројатност и лукавиот да прави внушувања и да ја загубиме благодатта.

Молете се внатре во вас co умот, а не co усните, за да не се создава расеаност и умот да шета наваму-натаму. На благ, ненасилен, начин да Го ставиме Христос во умот, кажувајќи сталожено, благо:

„Господи Исусе Христе, помилуј ме”.

He мислете на ништо, туку само на зборовите „Господи Исусе Христе, помилуј ме”. Ништо друго. Ништо!

Сталожено, co отворени очи, за да не бидете во опасност од фантазија и заблуда, co внимание и посветеност насочувајте се кон Христос.

Кажувајте ја молитвата на благ, ненасилен начин, но не постојано, туку кога постои умилително расположение и атмосфера, што претставува дар на Божјата благодат. Без благодатта се хипнотизираш себеси и може да паднеш во светлини, прелест и пореметеност.

Молитвата не треба да се кажува принудно, наемнички. Притисокот може да донесе револт во вас и да направи штета. Многумина се имаат разболено co молитвата, зашто ја практикувале co притисок.

Се разбира, и кога е принудно и наемнички нешто се случува, но сепак не е здраво. Немојте да употребувате ни вештачки методи. He е потребно ниту мало столче, ниту наведнување на главата, ниту затворање на очите.

Многумина велат:

„Седни на едно мало столче, наведни се, собери се и сконцентрирај се”. Но што тука…. пробајте да видите. Нема потреба особено да се концентрирате за да се молите. He e потребно вложување никаков напор кога ја имаш Божјата љубов.

Каде и да се наоѓате, на мало столче, на столица, во автомобил, секаде, на улица, во училиште, во канцеларија, на работа… можете да се молите co молитвата

„Господи Исусе Христе, помилуј ме”, благо, неприсилно, без притисок, без стегање. He врзувајте се за место.

Она што е главно и најважно е љубовта кон Христос. Ако вашата душа co копнеж и жар ги повторува петте зборови

„Господи Исусе Христе, помилуј ме”, тогаш не може да се засити.

Ова се незаситни зборови! Изговарајте ги во текот на целиот ваш живот- тие зборови во себе кријат многу сокови!

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”

 

Претходна статијаСИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО ИМААТ ВО СРЦЕТО!
Следна статијаПОТЕШКО НИ БЕШЕ ДА БЕГАМЕ (Митрополит Наум)