При едно од Своите јавувања на учениците, гледајќи дека во нивните срца има помисли за Hero, Христос рече: Видете ги рацете Мои и нозете Мои, дека Сум Јас; допрете се до Мене и гледајте, затоа што духот нема тело и коски, а како што гледате, Јас имам (Лк. 24, 39).
Овде се гледа дека постои тело, што значи дека не е привидение, но не било телото какво што дотогаш го знаеле учениците.
Познато е дека Христос при Своето вочовечување ја прими човечката природа и стана совршен човек, и тоа ги прими и т.н. непорочни страсти, како што се трулежноста и смртноста, а во кои се вбројуваат и гладот, жедта, маката, сонот итн.
Меѓутоа, Христос по Воскресението ги отфрли сите природни страсти, односно трулежноста, гладот, жедта, сонот итн. Но отфрлајќи ги т.н. непорочни страсти, не ги отфрли ниту душата, ниту телото.
При Своето вознесение на Небесата ги зема и телото и душата, разумот и умот, волјата и енергијата. Така седи оддесно на Бога, co целокупната човечка обожена природа. На тој начин дејствува и Божествено co промислата, одржувањето и управувањето на се’, и дејствува човечки, сеќавајќи се на Својот живот на земјата и знаејќи дека My ce поклонува целокупното логосно создание (свети Јован Дамаскин).
Воскреснатото тело Христово било бестрасно и бесмртно, украсено co Божјата слава, но било тело кое го имало претходниот опис (Макариј Хрисокефалос).
Така, иако ги отфрлил сите непорочни страсти, сепак, не ги отфрлил природните својства, т.е. квантитетот, квалитетот, битието во видот, описливоста во просторот и ограниченоста.
Ако ги отфрлеше овие, тогаш не ќе беше реално тело, туку екстаза и излез од границите на човечката природа (свети Никодим Светогорец).
Како што Христос co Своето вочовечување не излезе надвор од границите на човечката природа, така и Неговото обожено човечко тело не ја измени сопствената природа пo воскреснување, т.е. не ги отфрли своите природни својства.
Впрочем, затоа Црквата го претставува на иконите Христос co описливо тело, иако Тој се наоѓа на Небесата. Христос на Небесата нема ниту тело, какво што ние го познаваме, ниту е бестелесен и нематеријален, туку нешто измеѓу (свети Григориј Богослов).
Се работи за тело духовно и нетрулежно, но, во секој случај, се работи за тело.
Христос е во векови Богочовек, бидејќи двете природи од моментот кога се соединија остануваат неоделни и неразделни.
Дури и Христовата душа јасно знае дека ипостасно е соединета co Бога Логосот и, исто така, е поклонувана заедно co Бога, како Божја душа, а не само како душа (свети Јован Дамаскин).
Така, значи, воскреснатото тело Христово, отфрлајќи ги сите непорочни страсти (смртноста и трулежноста), остана тело,но духовно, богоподобно, описливо, и ги имаше сите особени белези што ги имало и претходно.
Минуваше огромни растојанија за секунда, влегуваше и излегуваше низ затворени врати и излезе низ запечатениот гроб, но беше реално тело, а не привидение.
Тоа што многупати учениците не Го разбирале и Го сметале за обичен човек, било затоа што Христос не сакал да се објавува. Кога сакал се објавувал и тогаш учениците познавале дека Он е Гослод.
Пренесено од книгата “Господовите празници” (Воскресение Христово) од Митрополит Јеротеј Влахос
Подготви Мина Даниловска