…Покрај акламациите на народот за воскреснувањето на Лазара и покрај неговите очекувања, сепак, „царското влегување” (свети Кирил Александриски), т.е. влегувањето на Царот Христос во Ерусалим, се случува co најдлабоко смирение.

Настаните што се случија при Христовото влегување во градот, каде што пo неколку дена ќе претрпи многу измачувања и ќе биде распнат и ќе воскресне, ги опишуваат евангелистите [Мт. 21, 1 -11; Мк. 11,1 -10; Лк. 19, 28 – 41; Јн. 12,12 -16.).

Влегувањето на Христа во Ерусалим, впрочем како и сите Господови собитија, беа пророкувани во Стариот завет од пророците.

Пророкот Захарија прорече „Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен и co спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши убојниот лак; и Он ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од реката до краиштата на земјата” [Зах. 9, 9 -10).

Присуството на Христа е присуство на човекољубие, а не на правосудие, на снисходење, а не на казна.

Христос се вочовечи и дојде во Ерусалим во вид на слуга, како младоженец и како јагне непорочно што се принесува за жртва, многу смирено, како капка што паѓа врз волнено руно и на тој смирен начин ги симна силните од престолите, а ги издигна смирените (свети Кирил Александриски).

Како што младоженецот не стапува во брак co власт и сила, туку co љубов и смирение, така и Христос дојде при луѓето. Впрочем љубовта не може да се поврзува co господството и co тиранијата.

Христос е Царот на новиот Израил на Божјата благодат. Но Он не го прави Своето Царство co световна слава и co световен начин на мислење. Тоа е царство на љубов и на смирение.

Христос не доаѓа во Ерусалим и во историјата како другите цареви и господари, не е некој злосторник и угнетувач кој е придружуван од бранители, ниту влече co себе мноштво војници.

He е како царевите и господарите кои бараат од луѓето даноци, робувања и груби служења. Знаме дека Христови се смирението, сиромаштвото и понизноста (свети Григориј Палама).

Светите отци, кога го коментираат Христовото влегување во Ерусалим, ја имаат предвид вообичаената слика од својата епоха, кога разни цареви и војсководци влегувале во градовите co власт и co многу сила. Меѓутоа, Христос нема таква власт, ниту сака да им се наметнува на луѓето на таков начин.

Затоа, свети Епифаниј Кипарски ќе рече дека Христос немаше жезли и труби, туку се појави co крајно сиромаштво. He беше носен co придружба од мечеви, оружја и копја, како што тогаш правеле земните господари, туку беше придружен од крајно смирение. Немаше вооружени луѓе, штитови и шлемови, туку крајна кротост, бескрајна незлобивост и надмерна умереност.

Христовото смирение не е една лицемерна надворешна добродетел, туку е израз на Неговата љубов и на Неговата едноставност. Оној кој е едноставен (прост) во однос на природата, но и љуби, истовремено е и смирен.

Според тоа, поврзувањето на Христовото смирение co Неговата едноставност и љубов, всушност, е Неговата несоздадена енергија, која произлегува од простата природа на Божеството. Затоа, кога светителите се удостојуваат да Го видат Христа во Неговата слава, биваат поробени од Неговата љубов и смирение. Христос е кроток и смирен по срце, како што впрочем тоа Самиот го објави.

Христовото смирение, како што коментираат светите отци, се гледа од тоа што Он влезе во Еруалим „седнат на осле”. Евангелистот Јован вели:

„А Исус, кога најде едно осле, седна на него” [Јн. 12, 14). Евангелистот Матеј вели дека учениците My донесоа на Христа ослица и осле. „Ги дотераа ослицата и ослето и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Он седна на нив” (Мт. 21, 7). Евангелистот Лука, пак, зборува за тоа дека Христос седна на ослето, а не на ослицата (Лк 19, 35).

He постои противречност помеѓу евангелистите, како што толкува блажени Теофилакт. Христос влезе во Ерусалим седнат на осле. Учениците My донесоа на Христа осле, но co него дојде и мајката, ослицата.

Кога евангелистот Матеј вели дека Он „седна на нив”, не мисли дека Христос истовремено седел на ослето и на ослицата, туку има две толкувања. Прво, дека co зборовите „седна на нив”, се подразбира дека Христос седнал над алиштата што ги ставиле на ослето.

Второ, и да протолкуваме дека зборовите „седна на нив” се однесуваат на двете животни што My ги донесле на Христа, треба да подразбереме дека прво седнал на ослицата, а потоа на ослето, што симболизира дека прво почиваше во синагогата на Јудејците, а потоа во народот што произлегуваше од јазичниците.

Ова дејство има свој симболичен карактер, како што објаснуваат свештените толкувачи на евангелските текстови. Евтимиј Зигабен вели дека Христос седна над ослето, кое е образ на народот од јазичниците, а од позади одеше и ослицата, којашто е образ на народот од Јудејците.

Тоа значи дека откако Христос ќе биде проповедан на народите и ќе почива во нив, тогаш ќе следат и Јудејците, кои ќе се вратат во верата Христова.

Ако сметаме дека како ослето, така и ослицата го симболизираат незнабожечкиот народ, тогаш седнувањето Христово на ослицата покажува дека дојде да ја разруши заблудата на идолослужењето, а седнувањето на ослето покажува дека дојде да го заузда невоздржливиот налет што многубошците го имале кон безбожништвото.

He постои ништо понеразумно од неверието и ништо понесредено од многубошците кои им се поклонуваат на бесчувствителните идоли.

Според таканаречените синоптички евангелисти (Матеј, Марко и Лука), Христос ги испратил Своите ученици во гратчето отспротива, каде што ќе најдат „ослица врзана и осле co неа”. Христос им порачал да ги одврзат тие две животни и да My ги донесат.

Свети Атанасиј Велики, толкувајќи го овој настан, вели дека гратчето отспротива е овој земен свет, бидејќи град е небесниотживот, т.е. Рајот, од кој отпадна Адам поради гревот што го изврши.

Никој друг не можеше повторно да не’ воведе во она место од кое отпаднавме, освен Христос. Ослицата и ослето се целокупното човештво. Ослето е нашиот татко Адам, кого сатаната го врза co своите лукавства.

Ослицата, која е нечисто животно, се многубожечките народи, кои се валкаат co идолите и co нечистата крв. Христос ги испраќа Своите ученици при целото човештво, за да ги приведат кон Hero како Јудејците, така и многубошците и да се основа Црквата која ќе се состои од христијани произлезени од Јудејци и произлезени од многубошци.

Одврзувањето на овие конкретни животни е работа на големи мажи, не во однос на телесна возраст, туку големи во верата, во љубовта, во правдата, во разумот, во храброста и во добродетелта. Такви мажи се aпостолите, кои беа испратени во светот за да проповедаат и за да се основа Црквата Христова.

Христовите ученици, т.е. апостолите, ги одврзаа сите многубожечки народи од мракот, односно од непознавањето на Бога, од заблудата, од гревот, од ропството на непријателот, од мрачната власт на кнезот од овој свет и ги одведоа при Господа, нивниот Создател. И сега Христос седи над нив и царува.

Христос им кажа на Своите ученици, кога ги испрати да го одврзат ослето, дека ако сретнат некој човек кој би ги прашал зошто го прават тоа, да му одговорат дека Христос го бара ослето.

Навистина, кога го одврзале ослето, некои од оние кои се нашле таму рекле: „Што правите, зошто ro одврзувате ослето?” А кога учениците одговориле дека Христос им заповедал, тогаш „ги оставија” (Мт. 11, 5 – 6).

Ова го покажува господарското дејство на Христа како Бог, бидејќи Он го управува светот и никој не може да и’ се спротивстави на Неговата волја. He само што се’ е од Hero создадено, туку и се’ се управува од Неговата несоздадена енергија.

Ако замислиме, според толкувањето на светите отци, дека ослето е човештвото, кое се одврзува од врските на гревот, тогаш луѓето кои се нашле таму се лукавите владетели, кои навистина не можеле да и’ се спротивстават на Христовата заповед, но веднаш, како што толкува свети Атанасиј Велики, притекнале кон својот началник ѓаволот и му соопштиле за она што се случило.

Затоа веднаш потоа се прави совет и „собир на лукавите” против Христа. My рекле на ѓаволот дека нешто треба да се случи, затоа што ослето беше одведено при неговиот господар и не е веќе негово и нема власт над него.

Ѓаволот размислувал што треба да прави и така ги поттикнал книжниците и фарисеите да го осудат Христа на смрт. Меѓутоа, бедните тие, не знаеле дека смртта Христова нам ни ја дарува бесмртноста и дека Неговото слегување во адот го предизвикува нашето издигнување на Небесата.

Пренесено од книгата “Господовите празници” (Воскреснувањето на Лазар и Христовото влегување во Ерусалим) од Јеротеј Влахос

Подготви Мина Даниловска