ЗА ТЕЛЕСНИТЕ БОЛЕСТИ
1. Зарем сите болести се поради гревовите?
Не се сите, туку поголем број од нив. Некои настануваат и од негрижа.
Стомакоугодувањето, пијанството и безработицата исто така предизвикуваат болести (св. Јован Златоуст).
2. Болестите се случуваат и за наше испробување во доброто (св. Јован Златоуст).
3. Ако за време на телесна немоќ не ја искористиме помошта на постот, а покажеме уште поголема негрижа, ќе си причиниме најголема штета (св. Јован Златоуст).
4. Телесните болести ги очистуваат душевните (схимонах Макариј).
5. Во болестите – пред лекарите и лековите користи ја молитвата (св. Нил Синајски).
6. Болестите се испраќаат за очистување од грешењето, а понекогаш за да се смири превознесувањето (преп. Јован Лествичник).
7. Болеста се влошува поради нетрпение (св. Тихон Задонски).
8. Причина за болеста е гревот, сопствената волја, а не некоја нужност (преп. Ефрем Сирин).
9. Можеме ли да се лечиме кај лекар и да примаме лекови? Нема во тоа никаков грев, зашто сѐ е од Господа, па и лековите и лекарите.
И нема грев во тоа дека човекот прибегнува кон средства за лечење, туку во тоа дека болниот сета надеж за оздравување ја полага само во лекарите и лековите, заборавајќи притоа дека сѐ зависи од себлагиот и семоќен Бог, Кој единствен дава живот или зема живот (св. Амвросиј Оптински).
http://www.preminportal.com.mk/