Старче, на што мислите кога велите:

„Нозете и рацете посветете ги на работа, но срцето – не.“?

– Мислам на тоа да не го подарувате срцето на материјалните нешта. Некои луѓе потполно се предаваат на тоа што е минливо.

Поминуваат цели денови планирајќи како што подобро да завршат некоја работа, но во сето тоа на Бог и не помислуваат.

Само да не дојдеме дотаму.

Користете ги рацете и нозете за работа, но не допуштајте умот да ви се оддалечи од Бог.

Не го давајте вашето битие, силата, срцето, на материјалните работи. Бидејќи така се станува идолопоклоник.

Ако е возможно, не се внесувајте со срцето во работите. Не го давајте на минливите, непотребните нешта.

Бидејќи како потоа да затрепери за Христос?

Кога срцето е во Христос, тогаш работите се осветуваат, а и човек во длабочината на душата секогаш е одморен и вистински радосен.

Своето срце користете го како што треба; не го растурајте залудно!

Старец Паисиј

Претходна статијаМОЛЧАНИЕТО – ТАЈНА НА ИДНИОТ ВЕК!
Следна статијаКОГА ЌЕ РЕЧЕТЕ „СЛАВА МУ НА БОГА“, СИТЕ ДЕМОНИ ЗАТРЕПЕРУВААТ !