Свети Макриј Велики:

Оние што сакаат да му се покоруваат на Божјото слово и да раѓаат добри плодови, ги имаат следниве белези:

Воздишка, тажење, прониклив поглед,

тихување, наведната глава,

молитва, молчење, останување на едно место,

плач полн болка, болка во срцето за побожноста, и дела:

Бдеење, пост, воздржување, кротост, великодушност,

непрекината молитва, поучување во божествените Писма,

вера, смирение, братољубие, покорност, труд, злострадање,

љубов, благост, чесност, и целата светлина, т. е. Господа.

 

Белези, пак, на оние што не творат плодови на животот се следниве:

очајување, занесување, поглед што лута,

невнимателност, ропот, тапост (тешко разбирање),

а делата нивни: прејадување, гнев, раздразливост, склоност кон осудување,

надменост, ненавремено зборување, неверие, непостојаност,

заборавност, збрканост, лихварство, љубов кон парите (среброљубие), завист,

препреденост, презир, празно зборување, ненавремено смеење, ќудливост, и сета

темнина, т.e.   сатаната.

Свети Макриј Велики

 

Претходна статијаМОЛИТВА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ од Свети Нифонт. Од срце ли се молиме и за непријателите?
Следна статијаБРАК МЕЃУ МАЖ И ЖЕНА ОД ДВЕ РАЗЛИЧНИ ВЕРИ? (На ваши прашања одговара отец Горан Стојчевски)