ЗА БЛАЖЕНСТВАТА …

Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!

  • Во светот постојат многумина бедни по дух, но не како што треба.

Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!

  • Има и многумина што плачат, но, заради тоа што го загубиле имотот или што ги загубиле своите деца…

Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

  • Има и многумина кротки, но не спрема нечистите страсти .

Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!

  • Има и гладни и жедни, но тие се гладни и жедни да го ограбуваат туѓото и да ги собираат материјалните блага.

Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!

  • Има и многу милостиви, но кон телото и телесното.

Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!

  • Има и чисти по срце, но според суетноста.

Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!

  • И миротворци има, но тие му ја потчинуваат душата на телото.

Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!

  • Има и многу гонети и прогонувани, но заради своите лоши дела.

Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!

  • Има и многу гонети и прогонувани, но заради своите лоши дела; многумина се прогонувани , но заради своите срамни гревови.

А блажени се оние, кои и дејствуваат и страдаат за Христа и во Христа!

Зошто?

– „ Зашто нивно е Царството небесно“ (Матеј 5, 3 и 10) и така натаму.

Тие не се блажени затоа што така дејствуваат и што страдаат, туку затоа што дејствуваат заради Христа и во Христа.

Свети Максим Исповедник

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаДА ГИ НАДМИНЕМЕ СИТЕ НАШИ НЕПРИЈАТНОСТИ И ДА ПОГЛЕДНЕМЕ НАНАПРЕД! Интервју со Архимандрит отец Гаврил (Галев)
Следна статијаМодерни верници во пост – не јадат месо, ама ги “јадат” сите околу себе