„…Секако, раѓањето на децата е Божји благослов, но треба да се знае дека начинот на којшто се раѓа човекот е плод и резултат на падот. Тоа е т.н. кожна облека што ја облече Адам по падот и по губењето на Божјата благодат.

Во овие рамки треба да ги видиме и зборовите од Псалмот: „зашто ете во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка” (Пс. 50, 7).

Конечно, Бог го благослови тој начин на раѓање на човекот, по допуштање, но, сепак, тоа е плод на падот. Како родителите, така и децата треба да се сеќаваат на оваа реалност. Во овие богословски рамки треба да се толкува обредот на очистувањето.

Кога ќе се сетиме на овие богословски вистини, тогаш можеме да видиме дека ниту Христос, ниту Богородица имаа потреба од очистување.  Бессеменото зачнување и нетрулежното раѓање не претставуваат нечистотија.

Божјата заповед што му беше дадена на Мојсеј велеше: „кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена” (3. Мојс. 12, 2).

Оваа одломка посредни ја покажува чистотата на Богородица, затоа што нечиста е жената што ќе роди откако’ќе биде забременета од машко семе.

Меѓутоа, Богородица зачна од Светиот Дух, а не семено и затоа не беше нечиста. Тоа значи дека не припаѓаше на овој случај, туку отиде во Храмот за да го исполни Законот.

Божјата заповед беше јасна:

„Посвети ми го секое првородено кое ќе ја отвора секоја утроба” (2.Мојс.13,2).

Оваа заповед истовремено е пророштво што се однесува на воплотувањето на Синот и Логосот Божји и нема апсолутна примена на секое првородено машко дете.

Овој цитат нема апсолутна врска co раѓањата на другите првородени, затоа што никој човек ниту првородениот, не ја отвора утробата на својата мајка.

Свети Атанасиј Велики во една беседа во врска co ова, вели дека бебињата не ја отвораат утробата на својата туку утробата се отвора при соединувањето на мажот и жената и при зачнувањето на детето. Само Христос ја отвори утробата на Својата мајка без, секако, да и ја повреди девственоста, по што пак ја остави затворена.

Свети Никодим Агиорит, откако наведува дека тоа што се случувало во Стариот завет било образ на Христовото раѓање, во продолжение вели дека само Христос ја отвори девствената утроба:

„Богодолично и надсфатливо; откако ја отвори co раѓањето, пак ја зачува затворена каква што беше пред зачнувањето и породувањето”.

Христос е првородениот, и така е наречен во Светото Писмо. Секако, тоа не означува дека постои и второроден и третороден, туку дека се роди прв, независно дали постои втор или трет.

Терминот „првороден” треба да се поврзе co „единороден”, како што, пак, се нарекува Христос во Светото Писмо.

Терминот Првороден се однесува и на двете раѓања Христови, т.е. на предвечното раѓање од девствениот Отец без мајка и раѓањето во времето од девствената Мајка без татко (свети Григориј Палама).

Христос се нарекува првороден на три начини.

Прво, затоа што се роди од Отецот пред сите векови. Апостолот Павле вели:

„Којшто е икона на невидливиот Бог, првороден од сета твар” (Кол. 1, 15).

А како што видовме претходно „првороден” е идентично co „единороден”. Второ, се нарекува првороден по човечкото раѓање, и независно дали се родил друг од Богородица.

И трето, се нарекува првороден од мртвите, затоа што Он прв воскресна, и така му ја даде можноста на секој човек да воскресне во соодветно време. Зборот „раѓање” се употребува и за воскресението, затоа што воскресението се смета за раѓање.

Апостолот Павле вели: „Кој што е почеток, првороден од мртвите” (Кол. 1, 18). Првата смисла на „првороден” се поврзува co раѓањето на Синот Божји според Неговата природа, т.е. се однесува на богословието, а другите две се поврзуваат co вочовечувањето на Логосот и се однесуваат на икономијата (Домостројот).

Според свети Григориј Ниски, Христос, за да ја оживотвори нашата човечка природа, стана првороден на три начини. Нормално. co тоа што го вели не го подразбира Неговото предвечно раѓање од Отецот.

Така, како што нашата човечка природа се оживотворува co три раѓања, т.е. co раѓањето од нашата мајка, co раѓањето од светото Крштение и co тоа од мртвите што се надеваме да се случи во идниот век, истото и Христос стана првороден за нас на три начини, та да се оживотвори и обожи нашата човечка природа. Затоа што  освен телесното раѓање треба да следи и духовното раѓање.

Трогателна е сцената каде што Христос се принесува како младенец во Храмот. Предвечниот Бог, кој истовремено како Логос Божји беше постојано соединет co Својот Отец и co Светиот Дух и го управуваше светот, сета вселена, се јавува како младенец во Храмот, наоѓајќи се во прегратката на Својата мајка.

Иако Христос беше младенец, истовремено беше „предвечен Бог” и затоа беше помудар од секој друг. Знаеме дека од соединувањето на Божјата co човечката природа во личноста на Логосот во утробата на Богородица, човечката природа се обожи и затоа Христовата душа беше богата co полнотата на мудроста и на знаењето.

Само што таа мудрост се изразуваше соодветно co Неговата возраст, затоа што ако се случуваше поинаку, би изгледало дека е чудовиште (свети Јован Дамаскин).

Во секој случај, иако Христос беше младенец, сепак, беше Бог, имајќи ја телесно сета полнота на Божеството и сета човечка мудрост и знаење co силата на ипостасното соединување на Божјата и човечката природа.

Co оваа бебешка возраст Он го исцели „бебешкиот начин на мислење на Адам”. Кога го создаде Адама во Рајот, Адам беше младенец во однос на благодатта и во однос на осветувањето.

Секако. имаше просветлување на умот, но требаше да биде испитан и да стаса до обожување. Бидејќи духовно беше недораснат и младенец, бидејќи имаше младешки начин на мислење, затоа лесно беше измамен од лукавиот демон кој созреа во гревот и во лукавството.

Затоа Христос, имајќи ја телесната младешка возраст, го исцели не само младешкиот начин на мислење на Адам, туку и човечката природа и тоа што не успеа да го направи првиот Адам.

Така, преку вочовечувањето на Својот Син, Бог Отецот го направи посигурно и изводливо и обожувањето на човекот. He можеше веќе ѓаволот да ја измами човечката природа во Христа, како што го направи лесно тоа co првиот Адам.

Смирението на Синот и Логосот Божји, како што се гледа и во случајот на Неговото принесување во Храмот, го надмина и сфаќањето на ангелите, бидејќи и тие се изненадија од бескрајното Божјо снисхождение.

Пророкот Авакум го пророкува вочовечувањето на Логосот Божји: „Бог дојде од Теман и светецот од гората Фаран. Неговата добродетел ги покри небесата и пофалбата Негова ја исполни земјата” (Авак. 3, 3).

Под зборот „добродетел” се подразбира вочовечувањето и Божјото снисходење на Логосот Божји.

„Ги покри небесата” означува дека ја покри висината на ангелите, бидејќи и ангелите се зачудија гледајќи го бескрајното и неискажливо снисхождение на Логосот Божји.

Присусгвото на праведниот Симеон и на пророчицата Ана објавува и една друга стварност, т.е. дека тие беа логосниот пар грлици коишто Го пречека Христа кога се качи во Храмот. Така заедно co нелогосниот пар грлици, Светиот Дух испрати и духовен и духоносен nap грлици, Симеон и Ана.

Тоа покажува, според свети Григориј Палама, кои и какви треба да бидат тие што сакаат да Го примат Христа. Соединувањето co Христа претпоставува соодветен живот. Симеон беше праведен и не се споменува дали претходно го прифатил брачниот живот, додека Ана по смртта на својот сопруг го живеела благословот на вдовството и имала непорочен и чист живот.

Bo Христа живот е девственоста во Hero или богодаденото сопружништво, како што вели свети Григориј Палама. Во една своја беседа на празникот Сретение тој прави голем осврт на тоа колкаво зло предизвикува блудството, и дека не може човекот да има врска co Христа кога блудствува. Потребно е распнување на плотта заедно co нејзините желби.

Спасението на човекот не зависи од видот на животот што некој го избира, т.е. брак или девственост, туку од начинот на животот, од односот што го има co Христа. И во едниот и во другиот случај се бара девственост и разумност. Кон таа насока води светотаинскиот и аскетски живот.

Bo тој начин на живот Богочовекот Христос го води човекот.

Претходна статијаЧУДОТО КРАЈ МОШТИТЕ НА СВЕТИ ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ КОЕ ЛИЧНО ГО ИСКУСИВ! (Писмо од наш читател
Следна статијаПОСНО ОД ПРАЗ И МАСЛИНКИ