Се наближува Великиот пост. Иако постот значи воздржување и од вкусна храна и од лоши мисли и дела, сепак, повелете и направете го ова јадење со спцифичниот вкус на црвените суви пиперки.

Тоа што е заедничко за овие рецепти е сувите пиперки да се измијат и да се исчистат од рачките и семките и преку нив да се прелие жешка вода за да омекнат и полесно да се полнат. Преку нив потоа се става некој тањир, за да ги потосне и да не дозволи да испливаат на површината. Потребни се околу 20 помали и петнаесет поголеми суви пиперки.

Рецепт за пиперки полнети со ориз, потребно е:

500 грама кромид, може и праз, а може да се стави и од едното и другото по половина од количината.

500 гр. ориз,

мелен црвен пипер, благ или лут,

лажиче исчукана сува пиперка или буковец,

1 дл. зејтин,

сол, вегета по потреба.

Подготовка:

Ситно исецканиот кромид добро да се издинста на зејтин и кога ќе добие стаклест изглед се додаваат три лажички црвен пипер и оризот претходно измиен во седум води. Се посолува и се меша додека не се добие изедначена маса. Потоа се полива со 2 дл. врела вода и се продинстува околу две минуту, а потоа се трга од оганот.

Пиперките ги вадиме од водата, се цедат и се полнат со изладената подготвена смеса.

Треба да се има предвид, пиперките да не останат половина празни, особено ако се долги и тесни. Внимателно со прсти да го потиснеме оризот на кај основата на пиперката за да бидат рамномерно полни.

Пиперките се редат во тепсија претходно намачкана со зејтин, но така што да бидат збиени една до друга и да се прелијат со онаа вода во која беа попарени и во која претходно е додадена лажичка сол.

Количината на водата не треба да биде премногу и да ги покрие, туку само да достигне до половина на пиперките.

Се ставаат во рерна претходно загреана на 200 степени целзиусови да се запечат десетина минути, а потоа се покриваат со алумиунска фолија.

Оставете да се варат околу половина саат, да ја впијат водата да набубрат, а потоа исклучете ја рерната за да се запечат и за да испари целата вода.

Сувите пиперки се добри тогаш, кога нема ниту капка вода во тепсијата после печењето.

Претходна статијаМОЛИТВА ЗА БЛАГОДАРНОСТ ПО СВЕТАТА ПРИЧЕСТ!
Следна статијаПOСТАРИОТ СИН – Митрополит Наум