ШЕЕСЕТ И ШЕСТО ПИСМО
Кога човек ќе се исповеда, неговата душа се очистува и се поистоветува co најблескавиот дијамант
Добра моја госпоѓо, заедно co Вашиот добар и благ сопруг, сите ние сакаме Господ да Ви подари мир, здравје и долговечност, и на Вас и на Вашите родители.
Го добив Вашето писмо, моја госпоѓо и прочитав се’ што пишува во него. Сострадам co Вашите искушенија и сожалувам co Вашата болка, исто како што се радувам и co Вашата радост.
Човечкиот живот, моја госпоѓо, замешан е co квасецот на страдањето и маките. Кога во душата ќе почувствуваш мала радост, знај дека тоа е телефонското ѕвонење за трпење во страдањата, што доаѓаат.
Ha човекот најблизок му е Бог. Никој друг не може да му биде толку близок, како што му е Бог. Bo Hero живееме и се движиме, и непрестајно престојуваме во Неговите прегратки.
Bo секое свое дишење, можеме да положиме и по еден внатрешен повик:
„Боже мој, каде си? Заштити ме, побрзај, помогни ми и спаси ме! Исусе мој, помилуј ме!”
Нашата Пресвета Богородица е Мајка на милоста и извор на благоста, а Нејзината благодат е секогаш делотворна. Само што ќе ja отвориш устата за да ја повикаш, Таа, како вистинска Мајка, уште во иститот тој час, притрчува напомош.
Повикувај Ја секој момент, без никакво сомневање и ќе пронајдеш најсребрен исцелител и помошник во сите свои непријатности.
Чедо мое, Бог е секаде присутен и Неговото око се` гледа. Тој е снисходлив, зашто го очекува нашето покајание. Кога ќе згрешиме, било тоа да е малку или многу, Тој тоа го гледа, зашто е присутен таму. Меѓутоа, ние Hero не Го гледаме, имајќи предвид, дека се’ уште сме младенци во нашето познание.
Кога ќе не’ казни, за да го насочиме својот поглед кон Hero, тогаш сметаме дека неправедно страдаме. Но, кога ќе се смириме, ни се отвораат очите на нашата душа и спознаваме дека сето она што Господ го прави е „многу добро”. Тогаш, во Hero Го гледаме својот многумилостив Отец, Кој е полн co љубов и преисполнет е co благост.
Јас не знам, госпоѓо, дали сте поминале низ чиста и целосна исповед, почнувајќи од времето кога сте имале седум години, па се’ досега. Јасно разработете го сето она што поминало, запишете го сето тоа на хартија и однесете го на исповед, па ќе најдете голема полза за Вашата душа. Тоа нека го направи и Вашиот сопруг.
Постојат различни гревови, не само тие, за кои Вие ми пишувате, туку и гревови на секоја природа, кои воопшто и не се сметаат за гревови. Но, кога тие ќе се исповедаат, тогаш ја чистат душата и таа се поистоветува co блескањето на најсјајниот дијамант.
Започнете од детството, какви гревови се прават од осум до десет години, какви од десеттата па натаму, гревови кои припаѓаат на гневот и желбената страна на човечката душа.
Тоа нека го направи и Вашиот сопруг. Нека ги исповеда и природните и неприродните гревови, гревовите направени на работа, навредите и беззаконијата. Се’ нека биде чисто и без никаков срам.
Меѓутоа, ако веќе Be поучувал некој духовник или ако веќе сте имале таква исповед, тогаш сето ова не е потребно.
Ако некогаш, госпоѓо моја, посакате да дадете милостина, дајте ја на онаа жена, која го изгубила синот. Ако сакате да бидете милосрдни кон оној, што починал co насилна смрт, не заборавајте да договорите служење на четириесетдневни Литургии.
Можеби тој, како дете, имал некакви гревови, па тие Литургии ќе можат да го спасат од адот. Тогаш, тој ќе се спаси и ќе Ви заблагодарува Вам, за достигнувањето на рајот.
Зашто Литургиите ја спасуваат и изведуваат душата дури и од адот. Според тоа, на починатиот, само така Вие ќе му направите голема добрина. Поради Вас ќе се спаси една душа, а Вие, благодарејќи му на покајанието, ќе можете да ја приближите и Вашата душа кон Бога.
Што се однесува до Вашите нерви, односно за гневот, за кој зборувате, непрестајно практикувајте ја умната молитва, зашто единствено благодатта ги смирува нервите. Немојте да бидете огорчени, зашто целиот свет страда од тоа.
Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”