ИДНИОТ СУД
Веќе ce беше стемнило. Светителот само што ја завршил својата редовна ноќна молитва. Се спружил преку камењата, како што имал обичај, да поспие. Но сонот не доаѓал. Времето поминувало. Дошло полноќ, а тој се’ уште co отворени очи го гледал бескрајното небо co ѕвезди и месечина.
Така сосема сам, помислил на страшниот суден час, се сетил на своите гревови и почнал да плаче.
Одеднаш, го видел небесниот свод кој како завеса се повлекувал, а зад него се појавувал Господ Исус Христос! Бил огромен и лебдел во воздухот. Околу Hero ce построиле сите небесни чинови, ангели, архангели… набљудувајќи Го co страв и трепет, co многу почитување и побожност.
Господ му дал знак на заповедникот и тој My пришол, сиот заслепен од светлината.
– Михаиле, кнезу на Заветот – му рекол. – Подигни ro co својата чета (собор) огнеобразниот престол на славата Моја и појди во долината Јосафатова. Постави го таму да биде спремен за Моето доаѓање.
Да, бидејќи нема да задоцни судниот час, кога секој ќе ja прими наградата за своите дела. Поитај, се приближи тој ден. Ќе платат сите што се поклониле на идолите и се откажале од Мене – својот Создател, кои богови ги нарекуваа камењата и дрвјата што им ги дадов за нивните потреби.
Сите тие ќе серазбиjaт како грнчарски сад. Така ќе биде и co Моите непријатели и co еретиците, оние кои се осмелија да ме одвојат од Мојот Отец и оние кои се осмелија да го понижат Мојот Утешител, Духот. Тешко ним, какви маки ги чекаат!
– Ќе им објавам сега и на Јудеите кои не поверуваа и Me распнаа. Кога бев на Крстот, зборуваа: Аха, Ти што го уриваш храмот… спаси се себеси! Сега ќе ја применам Својата власт и ќе судам праведно. Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам.
Ќе судам, разобличувам, осудам и строго ќе го казнам развратниот и лукав род, бидејќи му дадов шанса да се покае, а тој не ја искористи. И сега ќе се одмаздам.
– И содомитите, кои го оскверннја воздухот и земјата co смрдеата своја, Јас Кој ги изгорев повторно ќе ги изгорам, бидејќи се одвратија од сладоста на Светиот Дух и ја возљубија ѓаволската наслада.
– Сега ќе платат и прељубодејците, неразумни и помрачени. He им беше доволна нивната сопствена жена, туку како угоени коњи: секој од нив ‘ржи ио жената на ближниот свој.
Така, поради своето безумие, се испратени во огнениот амбис каде што сатаната ги врзал. Зар не слушнаа дека е страшно да се падне во рацете на живиот Бог? Сепак, не се исплашија. Затоа сега ќе ги казнам строго. Им понудив покајание, а тие не се покајаа.
– Ке ги казнам и крадците и убијците и злочинците.
Bo Тартар ќе ги фрлам. Сега ќе им покажам колку изгубиле што не го слушале Бога и Неговите заповеди. Каде се нивните добри дела? Каде им е покајанието? Им го дадов како пример блудниот син, но и многу други, во очајание.
Но тие ги прескокнаа Моите заповеди. Мене ме замразија, а блудот го засакаа. Од Мене се откажаа, a станаа робови на гревот. Нека паднат тогаш во огнот кој сами го распалија.
– Оние кои умреа во злопамтење ќе ги предадам на страшен немир. Бидејќи не го засакаа Мојот мир, туку живееја во гнев, лутина и злоба.
– Ќе направам да исчезнат лакомите, лихварите, среброљупците и идолопоклониците, кои ја положија својата надеж на златото, а ме оставија Мене, како да не се грижев за нив.
– Ќе ги осудам и оние наводни христијани што велат дека нема воскресение на мртвите или дека постои селење на душите. Сите нив ќе ги стопам како восок во гееаната и co огнот ќе ги претворам во прав и пепел. Тогаш ќе им покажам дали има воскресение на душата или не.
– Бајачите, гатачите и познавачите на ѕвезди сосема ќе бидат уништени, ќе се развејат по ветрот и ќе исчезнат.
– Пијаниците и безделниците ќе бидат фрлени во провалија. Тешко ним кои пеат и играат, гордо и бесрамно сквернословат. Co сенката своја си играат.
Ним праведно и беспристрасно ќе им судам. Ги повикав, а тие не само што не Me послушаа туку и уште повеќе Ми се потсмевнаа. На сите им понудив милост и покајание, но никако кон Мене не се свртија. Сега црвот ќе им го изеде срцето.
– Оние што ги презреа Божествените Писма напишани од Мојот Дух и рацете на Моите светители, ќе ги фрлам во темнина и невиделица. А бидејќи не ги исполнија Моите заповеди, туку им се потсмеваа, сега Јас ним ќе им се исмеам, ќе ги посрамам и ќе ги предадам на огнот.
– И оние што прибегнуваат кон заколнување и кон бајачи за да се исцелат, тие што веруваат дека ќе им помогнат ножеви, мотики, српови и други магиски орудија, строго ќе ги разобличам.
Тогаш ќе им биде јасно дека требало да се надеваат на Бога, а не на Неговата твар. Тие секако ќе се спротивстават бунејќи се и барајќи оправдание, но ништо нема да им помогне, бидејќи стигнал веќе часот на наплатата.
– Ќе ги казнам, се разбира, и царевите и кнезовите кои постојано Me огорчуваа co своите неправди. Нивните одлуки беа беззаконски, нечесни, горди и погубни за луѓето.
Земаа дарови и судеа пристрасно, користејќи го правото за да ја покријат неправдата. A Мојот суд не зависи од даровите. Како Господ и Бог, ќе направам да исчезнат според нивните лукавства И тогаш ќе разберат дека Страшниот Кој ги скротува духовите на кнезовите, пострашен е од земните цареви.
Несреќи нивни! Какви маки ги чекаат! Бидејќи co забите свои крцкаа против Мене. И проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои!
– Ha каков само гнев ќе ги предадам и оние свештеници што не беа вистински пастири, туку беа наемници! Вие кои ги растуривте овците мои, кои итате по злато и сребро, кои недостојно примивте свештенство…
– Колку страшна ќе биде нивната казна!? Колкава е нивната мака!? Во својот гнев и својата лутина ќе ги потресам! Гледаа да стекнат пропадливи овци и говеда, а за Моите словесни овци не ги заболе душата.
Тогаш ќе ги посетам со жезалот поради нивното беззаконие, и со рани – заради неправдите нивни. Што се однесува до свештениците кои се шегуваат или се расправаат во светите Мои цркви, во оган ќе ги изгорам, во Тартар ќе ги фрлам и како тула ќе ги искршам!
Јас сум Оној Кој ќе дојде. Дојдов и повторно ќе дојдам. А кој ќе најде сила, нека застане пред Мене!
– Тешко на беззакониците што ќе паднат во Моите раце! Бидејќи ќе стојат пред Мене голи и оркриени. Каде тогаш ќе биде нивната бесмртност? Како ќе поглед нат во Моето лице? Каде ќе го скријат својот срам, кога ќе бидат посрамени пред сите Мои ангели?
– Ќе ги осудам и монасите што живееја и така не го сочуваа ветувањето што го дадоа пред Бога, ангелите и луѓето, оние кои едно одредуваа, а друго правеа. Нив ќе ги зграпчам и ќе ги фрлам во амбис, бидејќи не им беше доволна само нивната гибел, туку соблазнија и наведоа на грев и други. Подобро ќе им беше да не се откажеа од светот, отколку што се откажаа, а проживеаја грешно и блудно.
– Јас сум Оној Кој ќе казни, Јас сум Оној Кој ќе врати, Јас ќе судам како праведен Судија на сите кои не сакаа да се покајат!
Co трепет ги ислушале неброените сили ангелски, громогласните Господови зборови упатени кон чиноначалникот Михаил.
– Донеси ми ги седумте векови на создавањето на светот! – му заповедал Тој на архангелот.
Михаил веднаш тргнал во домот на Заветот и ги донесол. Тие биле едни големи книги. Ги положил пред Господа и се тргнал настрана, гледајќи co страв како Тој ги врти страниците на историјата и чита се’ што се случило низ вековите.
Така, Судијата ја зел книгата на првиот век, ja отворил и рекол:
– Овде најпрво пишува: Отец и Син и Свет Дух, еден Бог во три лица. 0д Отецот се роди Синот, Творецот на вековите. Преку Словото на Господа се зацврстија небесата и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни.
Потоа свртил малку понатаму во книгата и рекол:
– Овде пишува: образ на невидливиот Бог е првиот човек Адам, co својата жена Ева. Седржителот на Адам. Бог, Творецот на се’ видливо и невидливо, му даде заповед, еден закон. Co држењето на тој закон ќе биде загарантиран блажениот човечки живот, бидејќи секогаш ќе го потсетува дека Бог е над него.
Погледот му се насочил понатаму.
– Овде пишува за престапот кој го направи човекот – образот Божји. Тој беше измамен и падна. Или подобро кажано, падна поради својата сопствена немарност и невнимание.
Затоа беше истеран од рајот по праведен суд и одлука Божја, зашто како на бесрамен престапник, не му доликуваше да живее во таква добрина.
Повторно свртил малку понатаму.
– Каин – рекол – го послуша советот на ѓаволот и го уби Авел. Тој секако ќе изгори во геената огнена, бидејќи остана непокаен. А Авел ќе живее вечно.
Малку подолу, прочитал:
– Пример на благословот е Сит. Икона на осветувањето е Енос. А праобраз на Моето вознесение е Еноховото.
Вртејќи така страница по страница, Тој стигнал до крајот на книгата и рекол:
– Книгата на првиот век: овде се запишани животот и смртта, правдата и беззаконието, смирението и превознесувањето на луѓето што се родиле во тие години. Секому ќе му се суди според делата негови.
Ha ист начин, Тој ги прелистал и другите пет векови. Потоа ја зел во рацете последната книга и рекол:
– Почеток на седмиот век: тоа е крај на вековите и почеток на злобата, лукавството, среброљубието и немилоста. Луѓето сега стануваат полукави отколку некогаш, завидливи, лицемерни, славољубиви, сластољубиви и потчинети на сите гревови.
Тој поминал малку понатаму низ книгата, нешто прочитал, а потоа ги подигнал очите нагоре, удрил co раката по челото, ги покрил co дланките очите и накратко останал така неподвижен. Одеднаш, како да се повратил, зборувајќи си како Самиот на Себе:
„Навистина овој седми век ги надмина во неправда и лукавство претходните шест века!”
Погледнал повторно понатаму во книгата и рекол:
– Незнабошците и нивните идоли се соборени co Мојот Крст и сотрени се co копјето и клинците co кои беше прободено Моето живоносно Тело.
Накратко замолчил, а потоа повторно се наведнал над книгата.
– Дванаесет кнезови на Големиот Цар – рекол – бели како светлина го потресоа морето. Ги уништија ѕверовите. Ги удавија змиите. На слепите им дадоа вид. Ги наситија гладните. Ги осиромашија богатите и пред се’, уловија многу луѓе, давајќи им нов живот. Голема е нивната награда!
Малку понатаму Тој прочитал:
– Јас, Љубениот Син, избрав за Себе и маченици. Нивната приврзаност се вознесе до небесата. Нивната љубов стигна до Мојот престол. Нивниот копнеж влезе во Моето срце. Горам од нивната љубов! Славата Моја и силата Моја е со нив!
Потоа свртил многу страници и се насмевнал.
– Човекот кој co побожност го сочува владеењето на Седморидието и примајќи царување над него, стана служител на Мојата љубов, Мој ревнител и подражавач. Затоа му доликува Царство Небесно.
Потоа бргу поминал и други страници. А на едната застанал и воскликнал:
– Невесто Моја прекрасна и многудрагоцена! Колку лажговци се обидуваа да те понижат и обесчестат! Но ти Мене не Me издаде, својот единствен Љубеник! Те нападнаа небројни ереси, но карпата на која си основана не се поколеба, бидејќи вратата адова нема да ја надвладее.
Поминувајќи на следната страница, Господ рекол:
– Овде се запишани сите човечки зборови, и добрите и лошите, кои смртта успеела да ги престигне, а не биле избришани co покајание.
Понатаму биле запишани сите други човечки прегрешенија – многу, безбројни, како песокот морски! Господ ги прочитал, секој момент свртувајќи ja главата и тешко воздивнувајќи, додека мноштво ангели, вон себе, стоеле во трепет од страшното читање.
Тој веќе дошол до средината на седмиот век, кога пуштил глас на негодување.
– Доста е веќе! 0ваа последна книга е преполна co злобни гревови. Какви лаги, какви зла, какви непријателства, какви убиста, смрдеа и нечистотија! Доста е! Ќе го пресечам тоа наполу, за гревот еднаш засекогаш да се уништи!
Тој веднаш на чиноначалникот Михаил му дал знак за Суд.
Михаил во истиот момент отишол кај својата војска – толку бројна, што и земјата им била мала! Тие го подигнале неописливиот престол на Господа и се оддалечиле. А оддалечувајќи се пееле:
– Свет, Свет, Свет е Господ, страшен, голем, висок, чудесен и прославен во вековите на вековите.
Потоа се оддалечил и чиноначалникот Гаврил co својата војска, гласно пеејќи ја победничката химна:
– Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Цвлата земја е полна co Неговата слава.
Од тоа страшно славословење на небројните усти ангелски се потресле небото и земјата.
Трет бил отпуштен чиноначалникот Рафаил co војската која пеела:
– Еден е Свет, еден е Господ, Исус Христос, во слава на Бога Отецот. Амин.
Најпосле заминала и четвртата војска. Нивниот водач Уриил бил бел како снег, сиот од светлина и потресно убав. Заминувајќи, и тој пеел co воодушевување:
– Бor на боговите проговори и ја повика земјата од истокот на сонцето до западот. Од Сион, кој е врв на убавината, ќе се појави Бог; иде нашиот Бог, и ќе прозбори; пред Него оган ќе се разгори, околу Него бура… и останатите стихови од Псалмот.
Неговите војници пак воскликнувале:
– Стани, Боже, суди и’ на земјата, зашто Твои се по наследство сите народи. Благословен е кој ќе дојде, бидејќи Он ќе и’ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.
Пренесено од книгата “Свети Нифонт, подвижник меѓу епископите”