Еден брат ми го раскажа овој настан:
„Еднаш добив бубрежен напад и појдов во болница, зашто имав ужасни болки. Навратив некако до Старецот, а тој гледајќи ме како ги поднесувам тешките болки ми рече:
„Немој да се молиш на Бога да те ослободи од болките и каменот сам ќе ти излезе по еден месец”. Па повтори уште еднаш: „Ќе ти излезе каменот по еден месец, но не барај од Бога да те ослободи од болките”.
Останав 15 дена во болница и бубрегот пак почна ужасно да ме боли. Извесно време трпев, а потоа не можев повеќе да издржам и реков: „О, Боже мој, имам ужасни болки, Те молам, смали ми ја само малку таа ужасна болка”. Болката веднаш престана. Старецот ме побара по телефон и ми рече: „Нели ти реков да не бараш од Бога да те ослободи од болките?” Јас ништо не му кажав за тоа. „Сега каменот ќе ти излезе дури по еден месец”.
Потоа излегов од болница. Повторно зедов боледување и се вратив во болницата. По вторите 15 дена поминати во болница, се вратив дома. Но, повторно ме фатија болки, па отидов на испитување и повторно ме сместија во болница. Повторно чекав 15 дена, но каменот не излезе.
Повторно ми дадоа 15 дена боледување. Помина точно еден месец откако ми рече Старецот, па отидов кај него.
Кај него беше неговата сестра која сакаше да ја однесам со автомобилот на болница. Додека заминував со сестра му, старецот ме благослови и ми рече:
„Ајде, оди, па ќе ти излезе тој камен од бубрегот”.
Тој ден се навршуваше точно еден месец откако Старецот ми рече дека каменот ке ми излезе за еден месец. Откако ја однесов неговата сестра на лекар, се вратив дома и каменот ми излезе”.
Ете што се случува кога човек не им е послушен на светите! Се’ се менува.
Кога еден болен човек не видел подобрување на својата болест по многубројните молитви на неговото семејство, терапијата ја продолжил со многуте лекови кои му ги дадоа лекарите. Старецот ми рече:
„Тој, чедо мое, мора да ги зема сите лекови кои му го дале лекарите и ќе оздрави, зашто така сака Христос”.