– Зошто кога човек ќе се разболи, велат дека Бог го посетил?

„Кога е човекот болен, тогаш и душата почнува да го бара Господа. Затоа и вразумувањето е добро, доволно е само вразумениот да благодари“.

Преп. Ефрем Сирин

– Зошто се испраќаат болестите на луѓето?

„Болестите се испраќаат за простување на нашите гревови, а понекогаш за смирение на гордоста“.

Преп. Јован Лествичник

„Видов луѓе што тешко страдаат, кои телесните маки како некоја епитимија ги очистува од душевните страсти“.

Преп. Јован Лествичник

– Едни велат дека треба да се лекуваме кај лекар, а други дека треба се` да оставиме во рацете на Бога и да не посетуваме никакви лекари?

„Како што не треба да се избегнува медицината, така е нецелисходно врз неа да ја полагаме целата наша надеж.

Но, како што се ползуваме во земјоделието од опитот, а за плодовите го молиме Бога, така и одејќи кај лекар, не престануваме да се надеваме на Господа“.

Св. Василиј Велики

Претходна статија(Видео за луѓето со оштетен вид) ПОКАЈНА МОЛИТВА ПРЕД ПРИЧЕСТ (Забораваме ли на неа?)
Следна статија(Видео за луѓето со оштетен вид) МОЛИТВА ПРОТИВ УРОЦИ НА ДЕЦА